Што да јадете кога цревата ви кркорат од глад, а сте на диета?

Прашањето кое ги мачи сите луѓе кои се борат со вишокот килограми - што да јадам кога ми кркорат цревата, а сум на строга диета?

sto-da-jadete-koga-crevata-vi-krkorat-od-glad-a-ste-na-dieta-01.jpg

Нема простор за паника, решението е поедноставно отколку што мислевте.

Една главица кељ е супер замена за сите грицки, затоа што е полна со 45 различни видови флавоноиди, антиоксиданси кои го чистат организмот. Покрај тоа е богата со железо, калциум, витамин Ц и омега-3 масни киселини, а има само 30 калории.

Црвената пиперка исто така е одлична за салата кога сте претерано главни. Богата е со влакна кои овозможуваат чувство на ситост, а нејзината лута варијанта дополнително согоруваат масти и калории во телото.

Овесната каша исто така е идеално решение заради влакната кои ги содржи, а има моќ да ве одржи сити цело утро без да ви недостасува енергија.

Пармезанот го содржи најдоброто од млекото, а протеините во него овозможуваат лесно варење на сите хранливи состојки кои сте ги внеле, па затоа не се плашете да го додадете во салатите.

За крај, можеби најдобра комбинација е спојот од куркума и цимет. Овие два зачини го разградуваат шеќерот, па препорачливи се во повеќе оброци во текот на денот.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава