Необични диетални трендови и производи за слабеење ширум светот

Диетата е можеби една од најактуелните теми ширум светот. До сега сигурно сте виделе илјадници производи, кои ветуваат слабеење преку ноќ, но повеќето од нив се опасни по здравјето...

neobicni-dietalni-trendovi-i-proizvodi-sirum-svetot-1

Овие најнеобични диети и производи за слабеење се користеле, но и сѐ уште се користат во некои делови од светот, а за некои повеќето од нив сигурно и не сте слушнале:

Јапонија: Очила за слабеење

neobicni-dietalni-trendovi-i-proizvodi-sirum-svetot-2

Во Јапонија, очилата ја немаат само онаа основна улога да ве заштитат во сончевите зраци, туку тие можат да ве направат и потенки. Барем таква била првичната идеја со овие темно сини очила, низ кои храната изгледа здодевно.

Наводно, сината не е привлечна боја, па кога низ овие очила ќе ја погледнете храната нема да имате желба да ја јадете.


Мексико: Диетален прстен

neobicni-dietalni-trendovi-i-proizvodi-sirum-svetot-3

Според рекламата, магнетскиот диетален прстен е магичен предмет кој ќе ви помогне да ги отстраните вишокот на килограми. Рекламата исто така ветува дека ве за кратко време ќе ги изгубите килограмите, доколку секој ден прстенот го носите на различен прст.


Индија: Диета со Сонце

neobicni-dietalni-trendovi-i-proizvodi-sirum-svetot-4

Ако сакате да ослабете еве уште една „идеја”: Немојте да јадете. Наместо да го трошите времето а подготовка и консумирање на храна, истото можете да го добиете од сончевите зраци и својата спиритуалност. Секако ова го препорачува индиски гуру, а не медицински експерт.


Јужна Кореја: Ролер за слабеење и обликување на лицето

neobicni-dietalni-trendovi-i-proizvodi-sirum-svetot-5

Стандардите за убавина варираат од една до друга земја, па така во Јужна Кореја, убава е онаа девојка која има издолжен облик на лице, односно во форма на буквата „V”. Затоа и постои овој ролер со кои можете да го обликувате лицето и да бидете прекрасни. Освен што ќе ви пружи масажа, наводно овој производ го „топи салото од лицето”.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg