Како да симнете некој килограм пред почетокот на пролетта?

Пролетта само што не пристигнала, а со неа ќе пристигнат и потоплите температури што значи повеќе можности за покажување на телото.

proletna-dieta-brzo-i-lesno-topenje-na-kilogramite-1

Време е да се позанимавате со вишокот килограми кои ги накачивте оваа зима, односно да пробате да симнете некој килограм пред да дојде времето на пролетните шорцеви, маички и фустани.


Повеќе зеленчук

Со пролетта доаѓаат и нови сезонски намирници во кои можете да уживате без притоа да внесувате калории. Свежите салати и варениот зеленчук се одличен избор за ручек. Внимавајте сосовите за салати кои ги употребувате да бидат диетални, односно без мајонез, јогурт и полномасни сирења.


Топол појадок

За појадок одберете топла овесна каша наместо суви житарки. Појадокот богат со влакна ќе ви помогне поефикасно да ги отстраните вишокот килограми, но и ќе ве заштити од срцеви заболувања, ризик од дијабетес.


Пијте зелено

Кога станува збор за освежувачки пијалаци исфрлете ги сите оние кои содржат шеќери и заменете ги со здрави шејкови или уште подобро со зелен чај.


Наградете се со чоколадо

Доколку во исхраната во целост ги исфрлите намирниците во кои дотогаш сте уживале, целиот процес на слабеење ќе го сфатите како казна и ќе почувствувате како во вас се создава отпор и диетата ќе резултира со неуспех. Затоа, наградете се повремено со квалитетна темна чоколада, која секако е пожелна заради високиот процент на какао.


Физичка активност

Не морате да правите напорни и интензивни вежби, туку доволно е и 30 минути да пешачите во текот на денот. Не заборавајте оброците за диетата да ги планирате однапред за да си заштедите на време, но и за да бидете сигурни дека нема да посегнете по друга неквалитетна храна. 

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg