Одлучила 12 дена да јаде само банани. Ова се резултатите од нејзиниот експеримент

Едноличната исхрана не е многу препорачлива, но со претходна добра подготовка може да забележите позитивни промени. Јулија Тарбат е нутриционистка и мотивационен тренер која одлучила 12 дена да јаде само банани за да го прочисти организмот.

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-01

Бананите се квалитетно овошје кое иако е калорично содржи и фруктоза, сахароза и глукоза, но и влакна, а токму оваа комбинација го создава чувството на ситост кое трае подолго.

Првото нешто што го забележала како промена било олеснувањето во стомакот и тивкото варење.

- Имав чувство дека воопшто немам стомак, бидејќи цревата ми беа многу мирни. Исто така, забележав дека сум многу поопуштена, не чувствував никаков стрес, а бев и покреативна и поконцентрирана – раскажува Јулија.

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-1.jpg

- За првпат во животот еден ден ми беше доволен за да ги завршам сите обврски. Не бев напната и можев да се фокусирам на која било задача.

Во експериментот ѝ се придружил и нејзиниот сопруг Пол. Со оглед на тоа што и двајцата долго време се вегани, имаат и своја овошна градина, не им било многу тешко за да си ги подготват оброците.

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-2.jpg

Пред промената на режимот на исхрана, Јулија страдала од висок шеќер во крвта, дигестивни проблеми, кандида, депресија, хормонален дисбаланс, а долги години не можела ниту да остане трудна.

Откако направила радикални промени, здравјето ѝ се подобрило, а родила и дете. Доживеала целосен животен пресврт.

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-3.jpg

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-4.jpg

Сепак, мора многу да се внимава пред да се определите за ваков драстичен режим на исхрана. Истото не можат сите луѓе еднакво да го поднесат или не може истото да се изведува со секое овошје.

За оние кои имаат проблеми со штитната жлезда може да биде и контрапродуктивно, бидејќи ја намалуваат нејзината работа, а може да имаат и недостаток на витамин Б12, железо, цинк и калциум кој доведува до анемија.

Ваквата диета не се препорачува ниту на стари луѓе, трудници и деца. Но, во секој случај, пред да се одлучите на радикални промени во режимот на исхрана, најдобро е да се информирате кај соодветен лекар и нутриционист.

odlucila-12-dena-da-jade-samo-banani-i-doziveala-zivoten-presvrt-6.jpg

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава