Без откажувања: Диета со месо, јајца, сосови

Диетата LCHF е диета за сите кои сакаат да јадат помрсна храна, а сепак да изгубат килограми. Можеби звучи невозможно, но со добра компензација, резултатите се подобри од очекуваното.

dieta-bez-golemi-otkazuvanja-za-site-koi-sakaat-da-jadat-mrsno-01

Оваа диета подразбира внесување на помали количества јаглехидрати и зголемен внес на масти кои за оваа исхрана се главни извори на енергија.

На кратко, јадете месо, риба и зеленчук кој расте над земјата, а ги избегнувате шеќерите, лебот, тестенините, оризот и компирот.

Треба да јадете секогаш кога сте гладни, додека не се заситите, но во истиот момент да престанете.

Не треба да ги пресметувате калориите, ниту да ја мерите грамажата на храната. Заборавете на готовите јадења и диеталните пијалаци.

Принципот на функционирање на оваа диета е едноставен: Кога од исхраната ќе го исфрлите шеќерот и ќе ги намалите јаглехидратите, тогаш се стабилизира нивото на шеќер и опаѓа нивото на инсулин. Искористувањето на мастите се зголемува и организмот се чувствува заситено, а килограмите се губат.

dieta-bez-golemi-otkazuvanja-za-site-koi-sakaat-da-jadat-mrsno-3.jpg

Јадења кои може да ги јадете без откажување и додека да се заситите:

- Сите врсти месо – говедско, свинско, пилешко. Помрсното месо е покорисно, а особено пилешката кожа од копаните. Доколку можете бирајте еколошко произведено месо.

- Риба и ракчиња – сите врсти, особено помрсните.

- Јајца на сите начини – варени, пржени, омлет...

- Природни масти: сосови, путер, павлака, кокосово и маслиново масло.

- Зеленчук кој расте над земјата – карфиол, брокула, прокељ, тиквички, домати, маслинки, спанаќ, печурки, краставици, зелена салата, авокадо, пиперки.

- Млечни производи – секогаш одбирајте ги најмасните: млечен путер, павлака со 40% масленост, кајмак, сирење, јогурт, млеко.

- Јаткасти овошја во неограничени количини

- Шумско овошје во неограничени количини.

dieta-bez-golemi-otkazuvanja-za-site-koi-sakaat-da-jadat-mrsno-2.jpg

Јадења кои треба да ги избегнувате:

- Шеќер – сите производи кои содржат шеќер: освежителни пијалаци, овошни сокови, чоколади, печива.

- Сувомеснати производи – во нив има сè и сешто, па така може да се најде и соино брашно или непожелни адитиви, освен ако не ги купувате производите од проверена месара каде гарантираат за квалитетот и состојките на месото.

- Сладолед, житарки, засладувачи...

- Сончогледово, пченкарно или соино масло кои се богати со Омега 6 масни киселини и се прилично штетни.

- Маргарин кој е имитација на путерот, неприродно богат со Омега 6 масни киселини и еден од главните виновници за астмата и разни други воспаленија.

- Тестенини – шпагети, макарони, јуфки...

- Пиво

- Слатко свежо и сушено овошје.

dieta-bez-golemi-otkazuvanja-za-site-koi-sakaat-da-jadat-mrsno-1.jpg

Препорака за појадок:

Јајца и сланина, омлет, мајонез, сирење, јогурт и кафе без шеќер.

Препорака за ручек и вечера:

Месо, риба или пилешко со прелив. Наместо компир може да додадете брокули, гулаш или чорба од зеленчук, а може и некој прелив од кашкавал и павлака.

После ваков оброк нема да имате потреба за ужина, но ако случајно ви се јави, тогаш слободно земете парче сирење, шунка, маслинки или печурки.

Ако не сте многу гладни, може да се заситите и со еден грст ореви или лешници. Не се плашете од маснотиите, само исфрлете ги јаглехидратите.

Подалеку од бонбоните, чипсовите, колачите и тортите. Иако ви звучи неверојатно, многумина постигнале големи резултати токму со оваа диета.

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg