Зошто е најтешко да се изгубат „последните“ пет килограми?

На почетокот, килограмите исчезнуваат со брзина на светлината. Вагата секој ден покажува се помалку и помалку, облеката станува се поширока но одеднаш доаѓа до застој - вагата инаетливо не се поместува со денови а вие толку внимавате што и колку јадете.

zosto-e-najtesko-da-se-izgubat-poslednite-5-kilogrami-01.jpg

Зошто е толку тешко да го достигнеме посакуваниот изглед?

Научниците тврдат дека вистинската причина за тоа зошто секогаш неколку килограми не делат од идеалната тешина лежи во тоа што ние самите го преценуваме напредувањето, а ги потценуваме прекршувањата во исхраната и вежбањето.

Во принцип, кога ќе забележиме и најмал напредок, ние тоа го доживуваме како огромен успех во нашата глава.

Да земеме како пример личност која се обидува да ослабе десет килограми. Доколку таа личност јаде здраво неколку дена и паралелно редовно вежба и притоа ослабе половина килограм - таа тоа ќе ги види како огромен напредок. Доколку пак ја прекрши диетата и го врати тој изгубен пола килограм, тоа ќе го види како минимално назадување.

Имаме тенденција чекорите напред да ги зголемуваме, а чекорите назад да ги минимализираме. Тоа психолозите го нарекуваат „афирмација“ - кога некоја идеа се вклопува во нашите лични очекувања, ние со одушевување ја прифаќаме.

За да си олесните за време на диетата, можете да користите различни апликации кои бројат колку калории внесувате а колку трошите, колку вежбате и слично. Би ви помогнало и кога би си поставиле реални цели, кои во иднина би ве мотивирале да издржите во својата намера.

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg