Како да ја задржите витката линија и по завршувањето на диетата?

Вистински предизвик е да се намалат килограмите но уште поголем предизвик претставува задржувањето на саканата тежина и откако ќе заврши диетата.

kako-da-ja-zadrzite-vitkata-linija-i-po-zavrsuvanjeto-na-dietata-01.jpg

Следува листа на намирници кои треба да станат задолжителен дел од вашето мени откако ќе завршите со диетата.

Кафе

Истражувањата покажуваат дека пиењето на овој пијалак еден час пред тренингот го зголемува согорувањето на калориите за дури 15 проценти.

kako-da-ja-zadrzite-vitkata-linija-i-po-zavrsuvanjeto-na-dietata-02.jpg

Банани

Идеална замена за појадок, бананите обезбедуваат многу хранливи состојки неопходни за организмот. Можете да направите одличен пијалак од банана, цимет и овесни снегулки кој инстантно ќе ве исполни со енергија.


Јајца

Научно е докажано дека појадок полн со протеини помага да се контролира гладта во текот на денот. Јајцата се одличен извор на протеини, а можат да се подготват на милион различни начини.


Боровница

Ова малечко овошје е одличен извор на антиоксиданси кои помагаат за слабеење и прочистувањето на организмот.

kako-da-ja-zadrzite-vitkata-linija-i-po-zavrsuvanjeto-na-dietata-03.jpg

Чај

Пијалак кој е добар за преку целиот ден, не само наутро. За слабеење особено се препорачува зелениот чај а доколку сакате благ вкус, додадете малку мед, никако шеќер.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава