Сите ја пробуваат јогурт диетата: Истопете ги килограмите за 3 дена

Јогурт диетата на Ана Лук стана интернет феномен за кој со месеци се зборува. Диетата се базира на пробиотички јогурт кој ја стимулира здравата цревна флора, што понатаму придонесува за брзо варење на храната, елиминирање на токсините и слабеење.

site-ja-probuvaat-jogurt-dietata-istopete-gi-kilogramite-za-3-dena-01.jpg

Со јогуртот може да јадете и свежо овошје, но никако не смеете да посегнете по зашеќерените јогурти.

Ова е 3-дневниот план на исхрана:

1 ден

Појадок:

Наутро каснете домашно подготвен овошен јогурт или обичен со овесни снегулки по ваша желба.

Ручек:

На маслиново масло издинстајте зеленчук и на крај промешајте го со ориз. Освен сол и бибер не додавајте никакви зачини. За десерт каснете домашен овошен јогурт.

Вечера:

Пред спиење заситете се со салата од шунка и морков. Исечкајте еден морков, јаболка и 50g шунка па се заедно пропржете на маслиново масло. Потоа додадете малку немасен јогурт.


2 ден

Појадок:

Салата од краставичка исечкана на коцки и една шолја јогурт.

Ручек:

Посолете и сварете едно парче мисиркино месо и пропржете го на маслиново масло. Додајте исечкани свежи шампињони и пиперка. Кога зеленчукот ќе омекне додајте јогурт за да направите сос.

Вечера:

2 чаши јогурт помешајте со малку шумско овошје.

site-ja-probuvaat-jogurt-dietata-istopete-gi-kilogramite-za-3-dena-02.jpg

3 ден

Појадок:

Во шолја јогурт измешајте несолено сирење, исечкана јаболка и малку цимет.

Ручек:

Испечете 150g ослич, а како прилог направете салата од јогурт, краставица и малку сенф.

Вечера:

Сварете 100g тестенини, додајте 1 исечкана пиперка и 1 варено јајце. Се заедно измешајте со малку јогурт.


Како оваа диета влијае на здравјето?

Краткотрајната примена на оваа диета сигурно нема да им пречи на здравите луѓе, но сепак не се препорачува за подолг временски период.

Слабеењето се постигнува исклучиво преку калориската рестрикција и позитивното влијание на пробиотскиот јогурт.

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg