7 пијалаци кои ќе ви помогнат во одржување на тежината

Иако сте убедени дека ќе мора да се збогувате со слатките пијалаци за време на слабеењето, овие 7 течности можете да ги консумирате во умерена количина.

7-pijalaci-koi-ke-vi-pomognat-vo-slabeenjeto-1.jpg

Идеални се за освежување, а и соработуваат со вас во борбата против килограмите.

1. Незасладено бадемово млеко - Бадемовото млеко не содржи заситени масти и холестерол, а е богато со омега-3 масни киселини. Една чаша или 250 милилитри бадемово млеко содржи околу еден грам протеини и еден грам диетални влакна. Без никакви додатоци, на 250 милилитри, бадемовото млеко има само 50 калории, 2 грама јаглени хидрати и 3 грама масти.


2.
Стевиа во комбинација со вашето кафе или чај - Без оглед на тоа дали пиете чај, кафе или лимонада, користете ја стевиата како одлична состојка која помага при контролирање на тежината. Стевиата потекнува од билка која е 200 до 300 пати послатка од шеќерот, а е исто толку пати поздрава. Купете течна стевиа и засладете го секој пијалак без штетни ефекти.


3. Јаболков оцет
- Чашата студена вода е едно од најлесните и највкусни освежувања, но можете и да го збогатите нејзиниот вкус. Додајте ѓумбир, лимон или јаболков оцет. Јаболковиот оцет го намалува шеќерот во крвта и го спречува таложењето на масти.


4. Cockta Easy – Вашиот омилен легендарен пијалак сега има нова верзија која не содржи шеќер и калории! Таа е вистински избор за сите оние кои водат сметка за својата тежина и здравје. Засладена е со природниот засладувач стевиа.

7-pijalaci-koi-ke-vi-pomognat-vo-slabeenjeto-4.png


5.
Лимонада
- Еден лимон содржи помалку од 1 грам шеќер, па заради тоа е идеален сојузник во борбата со килограмите.

7-pijalaci-koi-ke-vi-pomognat-vo-slabeenjeto-2.jpg

6. Кефир - Безмасниот, обичен кефир е одлична замена за јогуртот и млекото во шејковите. Содржи протеини, но има и солиден број на калории, па затоа не претерувајте со него. Безмасниот кефир содржи повеќе пробиотици дури и од јогуртот.


7. Цеден сок од киви
- Иако кивито не влијае директно на слабеењето, сепак е одличен антиоксиданс богат со влакна и витамин Ц. Ќе ви помогне да се ослободите од стресот и да ја зачувате младоликоста на кожата.

7-pijalaci-koi-ke-vi-pomognat-vo-slabeenjeto-3.jpg

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg