Зошто секој ден треба да појадувате банана и чаша млака вода?

„Пронаоѓачот“ на фантастичниот појадок составен од една банана и обична вода на собна температура, тврди дека оваа навика може значително да ви ги намали килограмите без оглед на тоа што јадете во текот на денот.

zosto-sekoj-den-treba-da-pojaduvate-banana-i-casa-voda-01.jpg

Диетата позната како утринска банана е неверојатно едноставна и лесна за спроведување.

Одговорот зошто оваа диета толку добро „работи“ лежи во фактот дека бананите го поттикнуваат варењето и го забрзуваат метаболизмот.

Втората позитивна работа е тоа што бананата е богата со еден вид на скроб кој има низок гликемиски индекс, долго се вари, дава чувство на ситост и делумно ја блокира апсорпцијата на јаглехидрати.

Лицата кои ќе се одлучат за оваа диета се советуваат да вечераат и пред 20 часот, како и да го избегнуваат десертот по вечерата.

Забранети намирници се и млечните производи и алкохолот. Плус, бананите мора да бидат свежи, не печени или замрзнати.

Пример за дневно мени:

Појадок

  • 1 или повеќе банани (додека не се почувствувате сити)
  • Чаша млака вода

Ручек

  • Оброк по избор со многу свежи салати
  • Попладневна лесна ужина
  • Слатки грицки се дозволени до 15 часот, во случај на глад

Вечера (мора да биде пред 20 часот)

  • Оброк во кој ќе има многу зеленчук
  • Забранет десерт

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава