Слабеењето никогаш не било полесно: Јадете банани и килограмите ќе се стопат

Доколку сте љубители на бананите оваа јапонска појадок диета веројатно ќе ви одговара најмногу, нема воопшто да се чувствувате гладни.

slabeenjeto-nikogas-ne-bilo-polesno-jadete-banani-i-kilogramite-ke-se-stopat-01

Бананите содржат 3 врсти на шеќери: фруктоза, сахароза и глукоза, но и хранливи влакна што прават чувството на ситост да ви трае подолго.

Истражувањата покажаа дека само 2 банани дневно се доволни за ефект од 90-минутен тренинг што значи секојдневната консумација на ова овошје е повеќе од потребна ако сакате да ја доведете линијата во ред.

Јапонските нутриционисти проценуваат дека ако јадете банани секое утро, за една недела може да изгубите и до 5 килограми, но само ако оваа диета ја спроведувате под надзор од лекар кој ќе ви го избалансира менито.

Појадок

Изедете само банана. Ако огладнете за 15 минути слободно изедете уште една. Не би требало да јадете друго овошје за појадок, но ако мислите дека бананата не ви е доволна се препорачуваат уште две до три лажици варен ориз. Важно е само да јадете зрели банани.


Ручек и вечера

Вечерајте најдоцна до осум часот навечер, иако идеално би било последниот оброк да ви биде во 18 часот. Кога се во прашање состојките кои треба да ви бидат на мени во текот на попладневните часови, не сте ограничени и може да јадете сè она што и инаку би го јаделе. Но, треба да поведете сметка за тоа порциите да ви бидат помали и да не содржат десерти, јаглени хидрати, бел леб, шеќер и бело брашно.

slabeenjeto-nikogas-ne-bilo-polesno-jadete-banani-i-kilogramite-ke-se-stopat-1.jpg

Само вода

За време на оваа диета единствена течност која ви е дозволена е исклучиво вода, минерална или обична. Но, еднакво е важно да биде и на собна температура, како и да пиете голтка по голтка.

Во текот на денот може да се напиете едно кафе, чај или свежоцеден сок, но без шеќер. Во посебни прилики дозволена ви е чаша пиво или вино во вториот дел од денот.


Ужина

Околу 3 часа по пладне може да изедете и две коцки чоколадо или колач со некои природни засладувачи.

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg