Изгубете 7 килограми за 14 дена: Диета со краставици која ќе ви го разубави летото

Диетата со краставици е идеална за сите оние кои немаат многу време за размислување што ќе јадат следно.

izgubete-7-kilogrami-za-14-dena-dieta-so-krastavici-koja-ke-vi-go-razubavi-letoto-1.jpg

Самата диета се спроведува 10 дена, но постои и продолжена варијанта од 14 дена во кои се очекува да ослабете до 7 килограми.

Логично, основа на оваа диета е салатата од краставица која може да ја консумирате кога и да почувствувате глад. Само никако не смеете да користите преливи и многу зачини.

Останати намирници кои смее да ги јадете во текот на денот:

  • 2 варени јајца или 150g туна исцедена од маслото или 150g печено бело месо
  • 2 големи варени компири и 3 парчиња интегрален леб
  • 500g свежо овошје

Од течностите дозволени се обичната вода, незасладениот чај и кафето без шеќер. Она што е забрането е алкохол, газирани пијалаци и десерти.

Со секој оброк или како меѓуоброк може да консумирате салата од чиста краставица или шејк.

Како се прави салатата од краставица?

Потребни ви се 400g краставица и 2dl кисело млеко или јогурт. По желба може да додадете сол и лук.

izgubete-7-kilogrami-za-14-dena-dieta-so-krastavici-koja-ke-vi-go-razubavi-letoto-2.jpg

Како се прави шејк од краставица?

Во блендер ставете 1 краставица со кора, неколку листови добро измиен спанаќ и 1 јаболка. По желба додадете ѓумбир. Добро измешајте, ставете во чаша и пијте постепено.


Пример за дневно мени

Појадок – 2 тврдо варени јајца и салата од краставица

Ужина – 5 сливи, 1 јаболка, праска или некое друго сезонско овошје со вкупна тежина од 200g

Ручек – интегрален леб на тост и чинија салата од краставица

Ужина – шејк од краставици

Вечера – овошје по избор, не повеќе од 300g

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава