Диета која го полуде целиот свет

Хроно диетата е креирана од страна на францускиот доктор Ален Делабос кој изучувал „Хроно Билогијa“ и своите сознанија ги применил и на човековата исхрана.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-01.jpg

На што се базира? Во основа вашето тело работи различно во различни временски периоди и ја обработува храната која ја внесувате во зависност од временскиот период во кој ја консумирате. Меѓу другото, секое тело е различно по големина, облик и структура на коски па и количината на внесена храна треба да се разликува.

Во Хроно диетата треба да го почитувате правилото на комбинирање на храната. Протеините и јаглехидратите ги внесувате само наутро за појадок.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-2.jpg

Оброците не смеете да ги прескокнувате.

Важно е да имате три оброци и помеѓу нив разлика од 5 часа за да го регулирате нивото на инсулин и шеќер во крвта.

Добро е да практикувате и интервални тренинзи, а најдобра комбинација се брзото и бавното пешачење. Тренинзите треба да ги практикувате само наутро.

Производи кои треба да ги избегнувате се: млеко, шеќер, бело брашно и јогурт.

Оваа диета прилично бргу стана популарна, бидејќи со неа не се мачите да ги броите калориите кои ги внесувате, туку се придржувате до лесни правила.


Неколку правила:

1. Ако сте повисоки можете да јадете повеќе. Количината на храна која може да ја консумирате зависи од висината.

2. Колку ви се поголеми коските, толку помалку килограми треба да изгубите. Можете да видите колку се големи вашите коски со мерење на зглобот на раката. Просечна големина е 6cm.

3. За оние кои сакаат благо: Јадете храна која е составена само од јаглехидрати од моментот додека сте гладни до доцна попладне.

4. Можете да си дозволите 2 оброци по желба во текот на една недела.

5. Нема алкохол

6. Нема шеќер во кафето или чајот

7. Нема млеко или јогурт!

8. Никогаш не јадете ако не сте гладни.

9. Јадете една банана 1 час пред да започнете со тренинг


Мени по Хроно диетата:

Појадок

Јадете јаглехидрати, протеини и масти. Потребно е да избегнувате пченица или пченка. Дозволено брашно: јачменово, р’жано, од хељда, овесно... Дозволена ви е и сланина, но по можност да биде без адитиви.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-6.jpg

Ручек

Треба да јадете протеини кои доаѓаат од телешко месо, свинско или јагнешко, но без јаглехидрати туку со зеленчук. Исто така, треба да јадете поголеми количини на свеж бел и зелен зеленчук во вид на салати.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-3.jpg

Вечера

И овој оброк се состои од протеини, но полесни протеини кои доаѓаат од белото месо и рибата. Понекогаш можете да ги комбинирате и со младо сирење. И за вечерата треба да комбинирате зелен и бел зеленчук.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-4.jpg

Благо:

Благите работи, па дури и овошјето смеете да го јадете само во попладневните часови, помеѓу ручекот и вечерата. Најдобар избор е темното чоколадо со 70% какао, како и сувото овошје.


Ако треба да намалите повеќе килограми:

Воведувате повеќе рестрикции. Нема ужина и благо, вклучително и овошје. Од исхраната се исфрлаат и сите зеленчуци кои се базираат на скроб.

dieta-koja-go-polude-celiot-svet-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg