Цел свет полуде по Шведската диета: Во што е тајната?

Овој режим на исхрана подразбира намалено внесување на јаглехидрати, а акцентот е ставен на мастите и протеините.

cel-svet-polude-po-svedskata-dieta-vo-sto-e-tajnata-01.jpg

Уште една поволност на оваа диета е што можете да заборавите на калориите и одредените часови во кои смеете да јадете, но затоа мора да се придржувате до правилата.

Шведската диета ги дели намирниците на 3 основни групи:

Дозволени намирници

- Сите видови месо

- Сите видови риби и ракови

- Јајца на сите начини

- Зеленчук кој расте над земја (зелка, кељ, брокула, тиквици, маслинки, домат, спанаќ, печурки, зелена салата, авокадо, пиперки)

- Млечни производи исклучиво со висок процент маснотии (јогурт, путер, павлака, кајмак, сирења)

- Јаткасти плодови (семки од сончоглед, ореви, семки од тиква, бадеми, лешници, индиски ореви, бразилски ореви)


Дозволени понекогаш

- Зеленчук како цвекло, морков, репка и целер

- Овошје. Доволна е една овошка дневно наместо десерт, а посебно препорачливи се малините.

- Чоколадо со висок процент на какао 2 пати неделно (над 70% какао)


Не е дозволено

- Шеќер, купечки сокови, газирани пијалаци, тестенини, колачи, сладолед, мусли и вештачки засладувачи

- Житарки и скроб (леб, ориз, тестенини, компир, чипс, каши)

- Маргарин и рафинирани масла

- Алкохол, посебно пиво

Исхраната е едноставна и не го оптеретува организмот, па посебно се препорачува во моментите кога сакате брзо да ослабете некој килограм без изгладнување или да ги исфрлите вишокот маснотии.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава