Научниците откриваат: Компирот, грашокот и пченката најмногу дебелеат

Научниците имаат лоши вести за љубителите на компирот, бидејќи потврдија дека тој не е добар за струкот, бидејќи овој зеленчук најмногу влијае на дебелеењето.

naucnicite-otkrivaaat-kompirot-grashokot-i-pcenkata-najmnogu-debeleat-01.jpg

Оние кои внимаваат на својата тежина треба по секоја цена да го избегнуваат компирот, а меѓу другото и грашокот и пченката.

Дури и целерот за кој се смета дека е пријател на оние кои се на диета не помага во губењето на вишокот килограми. Она што може да ви помогне се: боровниците, карфиолот и сливата.

Во текот на 24 години во Универзитетот Харвард правено е истражување со анализа на деталните информации  кои им ги давале повеќе од 130.000 Американци околу нивните килограми, исхраната, навиките на вежбање и бројни други аспекти од животот.

Консумирањето на овошје се покажало како двојно подобро консумирањето на зеленчук, поточно секоја дополнителна порција на овошје во текот на денот водела до губење на еден килограм повеќе во текот на четири години.

Боровниците се на прво место, а по нив доаѓаат сливите, јагодите и грозјето.

Овие овошја се богати со полифеноли кои го менуваат метаболизмот и начинот на кој телото го процесира шеќерот.

Останува прашањето: со што може да се замени компирот?

Докторот Бертоа вели дека добра замена за компирот се интегралниот ориз и леб.

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава