Винско или во облик на крушка: Какво стомаче имате и како да се ослободите од него?

Сезоната на пост-празнични вишок килограми и стомачиња ни пристигна. И добро знаете дека во оваа борба не сте сами.

kakov-tip-na-stomace-imate-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-01.jpg

Но, она што не го знаете е дека постојат повеќе типови и видови стомачиња, кои се појавуваат од различни причини. Прејадувањето не е единствениот проблем.

Пронајдете го вашето и откријте како да се ослободите од него:

Винско стомаче

Како изгледа?

Баш како да имате голтнато огромна топка, без вишок наслаги на задникот и колковите.

Од што е предизвикано?

Претерано пиење алкохол и премногу јаглехидрати.

Како да се ослободите од него?

Следете колку калории внесувате преку храната и пијалаците. Алкохолот исто така знае да го стимулира апетитот, па затоа неопходно е да го сведете на минимум.


Подуен стомак

Како изгледа?

Подуениот стомак е тврд и имате чувство како да ќе пукне во секој момент.

Од што е предизвикан?

Обично е последица од храната која ја јадете. Ако консумирате храна која тешко се вари и ви создава мачнини, или пак цел ден сте гладни и наеднаш се прејадете, очекувајте го овој вид на стомак.

Како да се ослободите од него?

Обидете се да јадете храна која е лесна за варење. Избегнувајте храна која има вештачки засладувачи, пченица, лук, кромид, цреши, сливи, цвекло, печурки... Исхраната без лактоза исто така е од голема помош ако имате проблем со варење на млечните производи.


Стомак заради стрес

Како изгледа?

Обично е мек и виснат, а почнува веднаш под градите и постепено се зголемува.

Од што е предизвикан?

Ако постојано сме под стрес, резервите на масти се таложат во долниот дел од стомакот за да бидат поблиску до црниот дроб, во случај да треба повторно да бидат конвертирани во енергија.

Како да се ослободите од него?

Усовршете неколку техники за релаксирање и престанете да јадете на брзина. Овесната каша е идеална храна која треба да ви премине во навика.

kakov-tip-na-stomace-imate-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-02.jpg

Стомак на тазе мајка

Како изгледа?

Обично е опуштен и мек, како првите 3 месеци по породувањето.

Од што е предизвикан?

Од ширењето на стомачните мускули, со цел да му овозможат на плодот правилно да се развива.

Како да се ослободите од него?

Карличните вежби за зајакнување на мускулите однатре се добредојдени, а исто така може да ви помогнат и одредени јога пози кои го затегаат стомакот, како на пример позата „штица“.

kakov-tip-na-stomace-imate-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-04.jpg

Стомак заради тироида

Како изгледа?

Тука не се работи само за дебелеење во пределот на стомакот, иако тоа е најголемиот проблем. Веројатно целото тело ви е зголемено, вклучувајќи ги рацете и нозете, давајќи ви подуен изглед.

Од што е предизвикан?

Од неправилна работа на штитната жлезда - тироидата, која контролира колку брзо се согоруваат калориите од храната која ја внесувате.

Како да се ослободите од него?

Дијагностицирањето на проблемот во овој случај е задолжителен пред да преземете било што. Постојат две опции - терапија која по вештачки пат ќе ја врати работата на тироидата во нормала или лекување по природен пат со храна како школки, морски плодови и зелен лиснат зеленчук како спанаќ.


Крушка стомак

Како изгледа?

Дури и да имате слаб струк, може да го имате овој вид на стомаче кое се зголемува во долниот дел и изгледа како крушка.

Од што е предизвикан?

Причината може да биде хормонален дисбаланс, односно овој вид на стомак е најчест кај жените кои страдаат од доминација на естрогенот. Исто така, антибеби пилулите може да бидат причина за негова појава.

Како да се ослободите од него?

Избегнувајте храна богата со заситени масти. Јадете повеќе влакна кои тешко се варат, како семиња и зелен лиснат зеленчук.

kakov-tip-na-stomace-imate-i-kako-da-se-oslobodite-od-nego-03.jpg

Д. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg