10 правила за исхрана на витките њујорчанки

Светската престолнина на гламурот и модата - Њујорк, освен по елитните ресторани и вкусната храна која служи во нив, познат е и по успешните жени кои совршено ги балансираат приватноста, работата и линијата.

10-pravila-za-ishrana-na-vitkite-njujorcanki-001.jpg

Најпознатите видови на диети од кои е преплавен цел свет, започнуваат токму од овие краеви.

Сепак, слабите, а здрави њујорчанки велат дека не ги применуваат строгите режими, туку сакаат да останат фит со помош на овие 10 правила:

1. Јадат само тоа што им одговара на организмот.

2. Јадат кога навистина се гладни. Храната никогаш не ја мешаат со емоционалната состојба.

3. Не се прејадуваат, туку кога ќе почувствуваат дека се заситени - престануваат.

4. Од друга страна, не дозволуваат и да прегладнат. Меѓуоброците се секогаш добредојдени. Нивни сојузници се крекерите, јаткастото и сувото овошје.

5. Го слушаат своето тело. Кога имаат потреба за чоколадо - јадат чоколадо. Кога се гладни по 22 часот - повторно не се плашат да каснат. Но, се е во умереноста.

6. Јадат едноставни оброци. Тие немаат проблем со монотоните комбинации од 2-3 намирници, наместо да ја полнат чинијата со 15 видови на храна.

7. Не бегаат од протеини и житарки од цело зрно. Лебот, оризот и тестенините не се нивни непријатели, напротив, тие се идеални додатоци. Единствено треба да ги избегнувате белите житарки, како ориз, тесто, леб, односно бело брашно.

8. Уживаат во зеленчукот кога и да можат.

9. Скарани се со брзата храна.

10. Имаат воведено барем минимални физички активности.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...
„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...

Најчитани неделава