Колку килограми е здраво да изгубите за 7 дена?

Веројатно многупати сте слушнале за некоја жена која успеала за само 1 недела да намали 5 килограми. Бројни диети ги ветуваат овие резултати, но тоа не значи дека се здрави.

kolku-kilogrami-e-zdravo-da-izgubite-za-7-dena-01.jpg

Кога се придржувате до строгите правила на здрава исхрана и редовни тренинзи, најздраво е доколку за 1 недела изгубите 1 до 2 килограми.

Но, треба да знаете дека тоа зависи од повеќе фактори - почетната тежина, навиките, градбата на телото, годините...

Колку повеќе килограми имате, толку побрзо ќе ги губите на почетокот и резултатите ќе бидат драматични и забележливи.

Килограмите кои можете да ги изгубите и килограмите кои треба да ги изгубите се две различни работи. Ако сакате да ги изгубите вишокот килограми без тие да се вратат по неколку недели, правете го тоа бавно и постепено.

Односно од 0,5 до 1 килограм неделно. На овој начин резултатите ќе бидат трајни.

Ако навистина ви е потребно брзо слабеење, тогаш најдобар начин за тоа да го направите долгорочно е да го намалите дневното внесување на калории и да правите интервални тренинзи, советуваат нутриционистите.

Тоа ќе ви помогне да не го преоптоварите дневниот распоред, ниту да го забавите метаболизмот.

Заклучок: Не се измачувајте со диети кои ветуваат намалување на повеќе од 2 килограми за 7 дена.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава