Точки за акупресура кои ќе ви помогнат во слабеењето
Акупресурата е традиционална кинеска техника, базирана на начинот на кој енергијата струи низ нашето тело.

Ако правилно ја применувате, медицината тврди дека може да помогне за да решите повеќе здравствени проблеми.
Овие 5 точки се препорачуваат доколку сакате да го совладате гладот и да го контролирате апетитот:
1. Увото
Ова е точката која има најголема контрола над апетитот. Потребно е да го ставите палецот на означената точка на илустрацијата и нежно да ја притискате 1 до 3 минути, 2 пати во денот.

2. Над горната усна
Точката под носот и над горната усна треба нежно да ја притискате 1 до 5 минути, двапати во денот доколку чувствувате глад и анксиозност.

3. Колено
Оваа точка е лоцирана 5 сантиметри под чашката на коленото и треба да ја притискате со среден притисок околу 2 минути секој ден. Ова ќе му помогне на стомакот да ја свари храната полесно и побрзо.

4. Лакт
Означената точка под лактот притискајте ја со палецот по 1 минута секој ден. Со стимулирање на оваа точка ја ослободувате вишокот насобрана топлина, со што ја подобрувате работата на цревата и го спречувате задржувањето на вишокот вода во телото.

5. Глужд
Оваа точка е лоцирана 5 сантиметри над глуждот на внатрешната страна на ногата. Притискајте ја со благ интензитет по 1 минута во денот и потоа постепено тргајте ги прстите. Ова е супер начин да го контролирате апетитот.

М. Д. | Црнобело