Диета за оние кои не сакаат да гладуваат - Ослабете на полн желудник

Влакната кои се наоѓаат во печурките ја подобруваат работата на цревата и прават да се чувствувате сити. Токму заради тоа, диетата со печурки е идеална за сите кои не го поднесуваат чувството на глад.

dieta-za-onie-koi-ne-sakaat-da-gladuvaat-oslabete-na-poln-zeludnik-01.jpg

Печурките се здрав производ кој е богат со протеини и токму заради тоа се нарекува „месо за вегетаријанци“, а можат да ви помогнат да ослабете.

Диетата со печурки не подразбира гладување, па на тој начин го избегнувате и непосакуваниот јо-јо ефект.

Целта е целосно да го исфрлите месото од вашиот начин на исхрана и да го замените со печурки, бидејќи печурките содржат големи количини на протеини, а се нискокалорични. Во 150g печурки имате само 30 калории.

Диетата се одвива во 5 дена по кој секојдневно треба да внесувате 1.550 калории поделени на 5 порции овошје и зеленчук, но и 0.5l млеко или млечни производи за да бидете сигурни дека имате адекватно внесувате хранливи материи во организмот.

Идеи за вкусни оброци:

1. Меленото месо во шпагетите заменете го со шампињони

2. Наместо пилешко во рижотото, ставете печурки

3. Гулаш можете да направите од вргањи и шампињони

4. Наместо плескавица, пробајте буковки

5. Со мешање на три типови на печурки направете паштета и заменете ја месната

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава