Црн хот дог, чистење на јазикот - 4 чудни детокс трендови ширум светот

Во брзиот секојдневен живот, навистина е тешко да се одржува здрав начин на живот кој вклучува редовно вежбање и здрава исхрана, па затоа понекогаш практикуваме детоксикации за набрзина да се исчистиме од сите токсини и да ја поништиме штетата која секојдневно му ја правиме на нашиот организам.

crn-hot-dog-cistenje-na-jazikot-5-cudni-detoks-trendovi-sirum-svetot-01.jpg

Но, некои тоа го прават на почуден начин од другите.

Ова се 4-те најчудни детокс трендови ширум светот:

1. Нинџа хот дог - Јапонија

Иако звучи необично, ова навистина е трик за детоксикација. Се работи за црн нинџа хот дог кој содржи јаглен од бамбус кој се јаде. Иако јагленот е одличен за чистење на организмот, се сомневаме дека целта на детоксикацијата ви е да јадете хот дог кој содржи стотина празни калории, а малку јаглен сигурно нема да го направи здрав.

Затоа, најдобро ви е повремено да се држите до обичниот хот дог, а детоксикација да правите со некои други, поефикасни производи.


2. Чај - Кина

Да, чаевите се одлични за детоксикација и тоа го знаат скоро сите, но дали знаете дека тоа никогаш не е научно докажано? Секако дека нема никаква штета секој ден да пиете чај, освен ако не содржи состојка од сено кој е природен лаксатив и не се препорачува да го консумирате секојневно бидејќи предизвикува губење на течности и електролити.

Многу Кинези тврдат дека за нивната витка линија е заслужен токму чајот, но навистина не постојат докази за тоа. Слободно пијте чај секој ден затоа што овој пијалак не може да ви наштети, но не очекувајте никакви чуда.


3. Чистење на јазикот – Индија

Чистење на јазикот е стара ајувердска метода која вклучува чистење на јазикот со тврд предмет наменет баш за таа функција. Во Индија тврдат дека оваа постапка ги отстранува токсините, бактериите и честичките храна од јазикот.

Едно истражување покажа дека оваа метода е поефикасна од миењето заби со чека за заби затоа што уште повеќе го намалува лошиот здив. Друго истражување исто така покажа дека чистењето на јазик ги намалува бактериите во усната шуплина за разлика од миењето заби со четка.

Иако овој детокс метод  е на стаклени нозе, вреди да го испробате – ако ништо друго, поради подобар здив.


4. Терапија со грозје – Франција

Технички гледано, првите записи за грозјето зборуваат дека тоа се користело како средство за детоксикација т.е. како лек. Терапијата пропишувала да се консумира само вода и грозје и во 20-тите години од минатиот век тврделе дека тоа е лек за рак на желудник. До неодамна, во Франција беше популарна детокс диета во која 3 дена се консумира само грозје и која гарантирала детоксикација на целиот организам.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg