3-те најдобри диети за 2016 година

Не постои такво нешто како совршена диета, но „MIND“ диетата опасно се приближува до овој епитет, според соопштението од „ Rush University Medical Center “ во Чикаго.

Ova-se-trite-najdobri-dieti-za-2016-godina-01.jpg

MIND“ диетата е рангирана на втората позиција во светски рамки и означена како „најлесната диета за следење“.

Цел: Основата на оваа диета ја сочинува храна која се бори против ризикот од Алцхајмерова болест.

Што се јаде: Содржи 15 клучни прехранбени компоненти, од кои 10 се етикетирани како „храна за мозокот“ – зелен лисест зеленчук и сите останати видови зеленчуци, јаткасти плодови, бобинки, полнозрнести производи, риба, живина, маслиново масло и вино, како и „5 нездрави видови на храна“ – црвено месо, путер, маргарин, сирење, печива, слатки и пржена и брза храна“.

Насоките за оваа диета се едноставни. Се препорачува да се јадат три порции од полнозрнести производи, еден вид зелен лисест зеленчук и уште еден друг вид зеленчук секој ден заедно со една чаша вино.

Секој ден вклучува ужинка со јаткасти продукти, а секој втор ден може да се јадат зрнести зеленчуци (грав, грашок, леќа, боранија).

Живината и шумските бобинки се дозволени најмалку два пати неделно, како и минимум еднаш неделно јадење риба.

Консумирањето на путер мора да се ограничи на 1 мала лажичка дневно, додека препорачаната количина на печива, полномасно сирење и пржена и брза храна е една мала порција неделно од сите горенаведени.

Сепак, доброто е што диетата не ги забранува целосно сите овие производи и намирници и имате одредено чувство на слобода и задоволство при јадењето.


DASH диетата заслужено го зазема првото место на најдобра диета во светски рамки, иако постои одамна.

Цел: Спречување и намалување на високиот крвен притисок. Всушност, целта на оваа диета се состои во самото име – „DASH“ –( Dietary Approaches to Stop Hypertension) или Диететски пристап за спречување на хипертензија.

Што се јаде: Овошје, зеленчук, полнозрнести производи, протеини и нискомаслени млечни производи. Одбегнувајте слатки, црвено месо и задолжително намалете ја количината на сол.


TLC“ диетата е на третото место. Еве како изгледа таа:

Цел: Намалување на високиот холестерол (8 до 10% очекувано намалување на холестеролот за време на 6-неделна диета).

Што се јаде: Американската асоцијација за здраво срце“ ја препорачува оваа здрава и едноставна диета која вклучува намалување на маснотиите, особено сатурираните масти, па производите од типот на „тешко“ месо, полномасни млечни производи  и пржена храна треба да ги одбегнувате. Наместо овие продукти, се зголемува внесот на храна богата со растителни влакна.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава