Зелена диета за оние кои сакаат да се откажат од месо и да ослабат

Зелената диета е наменета за оние кои не јадат месо или сакаат да се одвикнат, а би сакале и да се ослободат од вишокот килограми без гладување.

zelena-dieta-za-onie-koi-sakaat-da-se-otkazat-od-meso-i-da-oslabat-1.jpg

Зелената диета главно се состои од овошје, зеленчук и интегрални житарки, па обезбедува со доволно витамини, минерали, влакна и останати хранливи вредности кои го чистат телото од токсини без да се чувствувате изморено и гладно.

Секој ден се јаде по речиси ист распоред, но важна е разновидноста на намирниците.

Планот е следниов:

По будење: Чаша свежо цеден сок

Појадок: Свежо овошје

Меѓуоброк: свежа салата, тост од интегрално брашно или супа или чаша млеко

Ручек: Свеж зеленчук, компир или ориз или парче сирење

Вечера: Мешана салата

zelena-dieta-za-onie-koi-sakaat-da-se-otkazat-od-meso-i-da-oslabat-2.jpg

Важно:

  • Компирот секогаш се јаде со салата.
  • Овошјето не го комбинирајте со ништо друго и не го јадете како десерт. Јадете го на празен желудник.
  • Млекото исто така е посебен оброк и не смеете да го мешате со други намирници.

M. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава