Диета со јаболка со која ќе симнете 1 килограм за 1 недела

Диетата подразбира консумирање на едно јаболко пред секој главен оброк.

dieta-so-jabolka-so-koja-ke-simnete-1-kilogram-za-1-nedela-2.jpg

Идејата е влакната од јаболката да ве заситат и да ви биде потребна помала количина на храна, плус намалена желба за благо.

Се препорачуваат 4-5 помали оброци во денот, базирани на здрави намирници со малку маснотии.

Секој оброк или ужина би требало да содржи и некаков протеин затоа што е докажано дека ваквата комбинација го намалува апетитот и го олеснува губењето на килограми.

Лицата кои ќе ја почнат диетата се советуваат да консумираат многу овошје и зеленчук за да не бидат постојано гладни.

Препорачана храна: Јаболка, безмасно сирење, безмасен јогурт, јајца, пилешки гради, мисиркино месо, риба, посно говедско, овес, итегрален ориз, брокула, зелена салата..

Пример мени:

Појадок

  • Јаболко
  • Омлет со безмасно сирење
  • Шолја варен овес

Ужина

  • Безмасно сирење
  • Безмасен јогурт

Ручек

  • Јаболко
  • Пилешки гради на скара
  • 2 шолји брокула на пареа
  • Шолја интегрален ориз

Ужина

  • Шејк

Вечера

  • Јаболка
  • Лосос на скара
  • Зелена салата

dieta-so-jabolka-so-koja-ke-simnete-1-kilogram-za-1-nedela-1.jpg

Препорака за вежби:

Се препорачува комбинација од вежби со тегови и кардио тренинзи 3 до 4 пати неделно, минимум по 30 минути.

Зошто да ја практикувате оваа диета?

  • Јадењето на јаболко пред оброк ви дава подолго чувство на ситост.
  • Јаболкото содржи диетални влакна кои помагаат во намалување на холестеролот.
  • Јаболкото содржи флавоноиди кои помагаат во спречување на срцевите болести.
  • Оброците се добро балансирани со немасни протеини, сложени јаглехидрати, овошје и зеленчук.
  • Лесна е за следење - нема броење на калории и мерење.

Зошто да не ја практикувате оваа диета?

  • Ако сте вегетаријанци или вегани, не можете да се држите до начинот на исхрама.
  • Ако поголем дел од препорачаните производи не сте ги консумирале досега и не ви се вкусни.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg