Диета „Јади цел ден“ - за 5 дена ќе ослабете 2,5 килограми

Ако облеката ви е премногу тесна, а апетитот (благодарам на прашање) одличен, Хелен Фостнер, авторката на најпродаваните книги во областа на диетика, открива како да ослабете 2,5 килограми за 5 дена со 5 оброци дневно.

dieta-jadi-cel-den-za-5-dena-ke-oslabete-2-5-kilogrami-1.jpg

Како да направите ефикасен план?

Лесно. Одберете 5 оброци од долу наведените. Можете секој пат нешто различно, но важно е да консумирате 5 оброци во денот.

Може да ги повторувате во текот на денот и мора да јадете на 2-3 часа.

Исто така со секој оброк пијте чаша вода, незасладен чај или кафе или некој диетален пијалак.


Нема полесен начин да ослабете:

1. Кајгана од 2 јајца со малку млеко, сервирана со домат на скара

2. Смути од 150g смрзнати боровинки и безмасен јогурт, 200g млеко и 2 лажици овесна каша. Се добро измешајте во блендер.

3. Тортиља полнета со 25g нискомаслено сирење, 1 лажица мисиркино месо, 1 рака спанаќ и 1 ситно сечкана црвена пиперка. Загрејте и сервирајте со 1 лажица зелена салата.

4. Мешавина од 125g нискомаслен јогурт и 1dl свежо цеден сок.

5. Сварен грав 150g со 50g колбас, сервирано со печурки на скара.

6. 100g чипс од јаболка и рака чери домати помешани со 3 лажици хумус.

7. Чинија овошје(јаболка, праски или круши) и 125g нискомаслено сирење.

8. 1 јаболка намачкана со малку путер од кикирики.

9. 150g нискомаслен пудинг од ориз со 1 праска или 2 кајсии и 7 јаткасти плодови по желба.

10. Праска, портокал или банана сервирана со 10 јаткасти плодови. Испијте и 2dl млеко.

11. Направете 2 ражничи од карфиол, црвена пиперка, печурки и виолетов кромид. Печете на скара без масло. Може да сервирате со лажица кисела павлака.

12. Половина конзерва леќа или супа од зеленчук, сервирана со стапчиња моркови потопени во 2 лажици јаболков оцет.

13. Салата од целер и краставица прелиена со 150g туна од конзерва.

14. Три парчиња шунка сервирана со 1 рака краставица и целер посипани со 100g кисели краставички.

15. 75g нискомаслено сирење, 10 зелени маслинки и 1 парче домат.

16. Каша од конзервиран грав 100g со 50g нискомаслено сирење и малку чили. Послужете со парчиња целер и моркови.

17. Половина авокадо прелиено со 75g туна.

18. 75g било какво нискомаслено сирење со 3 дланки полни грозје.

19. 100g вегетаријанска паштета со неколку парчиња целер.

20. 3 ќофтиња од соја.

21. 100g риба на скара сервирана со 2 лажици печен зеленчук и 1 лажица тврдо рендан кашкавал.

22. Салата од 1 јаболка и 100g варено цвекло. Ставете и малку моцарела.

23. 100g пилешки гради на скара прелиени со лажица соја сос плус неограничена количина спанаќ и домати.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg