Есенска диета: намалете четири килограми за само една недела

Есента изобилува со намирници од кои можете да зготвите вкусни оброци кои ќе ви ја дадат потребната енергија, ќе ве држат сити, но и ќе ви помогнат да ги намалите вишокот килограми.

Esenska-dieta-namalete-cetiri-kilogrami-za-edna nedela-01

Тиквата, брокулата, пиперките, модриот патлиџан, зелката, кељот се идеални за диета, особено ако се органски одгледувани.

Но, ако го ограничите нивниот внес и соодветно ги комбинирате со друга храна може тие може да ви помогнат да изгубите и до 4 килограми за само седум дена.

Еве како:

ПРВ ДЕН

Појадок: парче пченкарен леб, немасно сирење, свежа пиперка

Ужина: круша

Ручек: супа од тиква, две парчиња тостиран леб намачкан со лук

Ужина: јаболко

Вечера: печено пилешко, 150 g брокула и карфиол обарени со две лажички маслиново масло, чинија салата

ВТОР ДЕН

Појадок: едно парче пченкарен леб, немасно сирење, свежа пиперка

Ужина: круша

Ручек: 250 g шпагети со модар патлиџан и домати

Ужина: 150 g грозје

Вечера: две варени или печени класа пченка, чаша млеко со ниска масленост

ТРЕТ ДЕН

Појадок: 40 g мусли, чаша јогурт, банана, една лажичка мед

Ужина: Калинка

Ручек: 250 g печурки буковки подготвени на скара, 150 g пире од компири, зелка салата

Ужина: печени костени

Вечера: вариво со грашок и зелка, парче леб со семки

ЧЕТВРТ ДЕН

Појадок: сендвич со интегрално печиво, млечен намаз, три парчиња мисиркини колбаси и свежа пиперка

Ужина: 150 g овошен јогурт

Ручек: две плескавици од кељ, праз и соја, интегрален ориз со грашок: 70 g сиров ориз и 80 g грашок

Ужина: јаболко

Вечера: пастрмка печена во рерна, компир салата

ПЕТТИ ДЕН

Појадок: 100 g проја, чаша јогурт

Ужина: 30 g ореви

Ручек: сендвич од интегрално печиво, туна од конзерва и зелена салата

Ужина: јаболко

Вечера: омлет со пиперки: 2 јајца, 250 g пиперки, парче интегрален леб со семки, салата свежи моркови

ШЕСТИ ДЕН

Појадок: парче интегрален леб со семки, маргарин или путер, овошен џем по желба, една чаша свежо исцеден сок

Ужина: круша

Ручек: 100 g варено говедско месо, салата

Ужина: две мандарини

Вечера: печурки, тиквички, модар патлиџан, пиперки и домати на скара, немасно сирење, парче интегрален леб со семки

СЕДМИ ДЕН

Појадок: парче интегрален леб со семки, намаз од модар патлиџан и праз, една чаша свежо исцеден сок

Ужина: 150 g грозје

Ручек: пилешка супа со тестенини, 150 g пилешки гради подготвени на скара, 100 g варени компири, 200 g обарен кељ, две лажички ајвар

Ужина: јаболко

Вечера: 30 g сирење со павлака, кромид и црвен пипер по желба, парче интегрален леб

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg