10 совети за слабеење од сестрите Кардашијан
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


10 совети за слабеење од сестрите Кардашијан

Доколку сѐ уште ништо не ви помогнало да се ослободите од вишокот килограми, можеби треба да земете некој совет од оние на кои тоа им успеало.

10-soveti-za-slabeenje-od-sestrite-kardashian-01.jpg

Иако сестрите Кардашијан не се експерти за слабеење, сепак тие успеале да изгубат многу килограми.

На пример, Ким ослабе 27 килограми, откако се здебели во последната бременост.

10-soveti-za-slabeenje-od-sestrite-kardashian-02.jpg

Или Кортни, која 5 месеци по породувањето, успешно се ослободи од 15-те килограми од бременоста.

10-soveti-za-slabeenje-od-sestrite-kardashian-03.jpg

А, тука е и Клое, која одлично ја одржува својата тежина, откако ослабе 18 килограми.

10-soveti-za-slabeenje-od-sestrite-kardashian-04.jpg

Секако, некои од нивните навики за слабеење се неефективни и по малку апсурдни, но погледнете ги овие совети за слабеење кои може да ви послужат и вам:

1. Поставете си реална цел за тоа колку килограми треба да изгубите

Одете по стапките на Ким, која објави фотографија од нејзината тежина, на којашто пишува дека со уште 5 изгубени килограми ќе дојде до посакуваната цел.

Одлучете колку килограми сакате да ослабете и мерете се почесто. Луѓето кои се мерат постојано, имаат подобри резултати во слабеењето, бидејќи полесно можат да забележат ако тоа што го прават не им оди, па веднаш може да променат нешто во исхраната.

2. Започнете го денот со протеински шејк

Кортни има изјавено дека секој ден пие протеински шејкови за доручек. Тие обично се составени од: банана, јаболко, јогурт без масти, млеко, бадеми, цимет, малку мраз и протеин во прав од ванила.

Протеинскиот доручек е одличен и лесен начин на исхрана, а поради тоа што ги броите состојките кои ги ставате во шејкот, полесно ќе ги контролирате порциите и количините кои ги внесувате.

3. Јадете го истиот доручек пола година, а потоа заменете го

Кортни е човек кој ги почитува навиките, а според тоа што го изјавила, таа вели дека 6 месеци, секој ден го јаде истиот доручек, а остатокот од годината јаде нешто друго.

Внесувањето на истиот оброк е позната стратегија што ги намалува опциите за избор на некое друго јадење и со тоа ви помага да јадете помалку калории, што резултира со намалување на тежината.

4. Ограничете ги калориите

Според нутриционистот на Ким, таа не јаде повеќе од 1.800 калории на ден.

Можеби броењето на калории ќе ве излуди, но контролирањето на количината на храна која ја внесувате е задолжително ако сакате сериозно да слабеете.

5. Наместо со јадење, тешете се со вежбање

Клое има напишано дека јадела од досада, од навика и од незадоволство. Но, за време на раскинувањето со Ламар, наместо на јадење таа се насочила кон вежбање.

Докажано е дека човекот не може да потроши калории толку брзо колку што може да ги внесе, но сепак јадењето од стрес може да се замени со нешто попродуктивно како вежбање.

6. Јадете иста количина на храна секојдневно, без оглед на вежбањето

Ким внесува ист број на калории без разлика дали има интензивен тренинг или обично истегнување.

Иако, можеби е логично правилото „колку повеќе трошите, толку повеќе да внесувате“, сепак зголемувањето на внесот на калории за време на активни денови, може да ја спречи ефективноста на слабеењето.

7. Внесувајте 12 чаши детокс чај дневно 

Кендал изјавила дека таа наутро пие детокс чај и стига до 12 чаши во текот на денот.

Во текот на денот можете да пиете чај од секој вкус што ви одговара, сѐ додека не го користите чајот како замена за оброк, водејќи се по тоа дека нема калории - што е многу лоша идеја.

8. Јадете 3-4 порции протеин на ден

Исхраната на Ким вклучува порции протеин во секој оброк во денот. На пример, јајца со зеленчук и парче сирење за доручек, печен лосос за ручек и пилешки гради за вечера.

Постојат различни препораки кога се работи за протеинот, но генерално, колку повеќе внесувате, толку повеќе ќе се чувствувате најадени. Протеинот е одличен за одржување на мускулната маса за време на слабеење.

9. Помеѓу оброците може да се задржите со нутри бар

Во исхраната на Ким стои дека за ужина може да јаде нутри бар од 150 калории.

И покрај фактот што тие содржат различни состојки, меѓукои и засладувачи, тие сепак можат да ви помогнат во слабеењето, сѐ додека се јадат во ограничена количина.

Нутри барот ќе ве држи сити подолго време, па така нема да мора да внесувате други нездрави грицки до следниот оброк.

10. Јадете сѐ што сакате

Според Клое, Кендал не се придржува до диетите за модели: Таа обожава бургери и пица.

Секако дека постои подобра исхрана од ова, но подобро да јадете од сѐ што сакате по малку, отколку да држите сурови вегетеријански диети и да се лишувате од тоа што го сакате, па на крај да завршите со изедени 10 хамбургери и плус 10 килограми.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог две брзи диети: Слабеење до 5 килограми за 5 дена Брзите диети се обвинети дека ги следи јо-јо ефект, односно дека изгубените кило...
Славни дами кои секој ден јадат иста храна Еден оброк посебно ги воодушевува познатите убавици, а Викторија Бекам тврди и д...
Диета со леб – Ослабете до 10 килограми за половина месец Зарем постои личност која не сака свежо печен леб? Но, проблемот е што лебот мож...

Најчитани неделава