Што прави Џенифер Анистон за на 48 да изгледа како да има 28 години?

Џенифер Анистон неодамна го прослави својот 48-ми роденден во Мексико заедно со сопругот, Џастин Теру, на плажа.

shto-pravi-dzenifer-aniston-za-da-izgleda-kako-da-ima-28-na-48-godini-01.jpg

А, од бикинито се виде нејзиното совршено извајано тело кое повеќе изгледа како да припаѓа на 28-годишна девојка, a не на 48-годишна жена.

shto-pravi-dzenifer-aniston-za-da-izgleda-kako-da-ima-28-na-48-godini-1.jpg

Но, како го постигнува тоа?

Нездравите задоволства ги комбинира со здрави производи

Анистон признава дека е зависна од тестенини, ама никогаш не ги јаде, туку ги заменува со разни зеленчуци. „Имате тиквички и модар патлиџан кои можат да бидат како тестенини. Додадете на нив сирења и добивате лазања или шпагети...“

Појадоците ѝ се преполни со здрави состојки

Анистон има три типа на оброци. Едниот подразбира смути од банани, протеински прашок, цреши, какао, млеко од бадеми и бадеми. Другиот јајца со едно парче тостиран леб и авокадо. Третата опција за многумина е чудна, но таа комбинира житарици со матена белка од јајце.

shto-pravi-dzenifer-aniston-za-da-izgleda-kako-da-ima-28-na-48-godini-2.jpg

Одржува балансирана диета во текот на целата година

„Не дозволувам моите навики за јадење да излезат вон контрола, па повторно да морам да се враќам во форма“ - вели таа.

Комбинира вежби

Анистон вели дека комбинирањето и мешањето на различни типови вежби е тоа што не ја тера да се откаже, туку прави истото да и биде интересно и лесно.

shto-pravi-dzenifer-aniston-za-da-izgleda-kako-da-ima-28-na-48-godini-4.jpg

Фрижидерот ѝ е полн само со здрава храна

Не само што има само здрава храна, туку истата и е и однапред подготвена за да може да ја јаде кога и да посака, без да посегне по нешто нездраво.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава