Совет: Пијте текила и намалете ги килограмите

pijte-tekila-i-namalete-gi-kilogramite-1.jpg

Дали сте знаеле дека текилата може да ви помогне при намалување на телесната тежина? Да, тоа е навистина така.
Според едно истражување докажано било дека растението агава – кое е една од главните состојки за правење на текила, го намалува нивото на глукоза во крвта, со што помага при намалување на телесната тежина.

Според Мерцедес Г. Лопез, еден од истражувачите на ова истражување, состојките ги содржи текилата помагаат за покачување на нивото на хормонот кој го забавува времето за кое вообичаено огладнувате. Поради ова се чувствувате сити подолго време.

Дали агавата влијае врз нашето здравје на поинаков начин во споредба со другите засладувачи? На ова прашање Лопез објасни дека за разлика од другите засладувачи, како што се високо-фруктозниот сируп, агавата не се дигестира на истиот начин, па од таа причина таа не го покачува нивото на глукозата во крвта.

Сега си знаете, кога животот ќе ви донесе „лимон“-ситуации, земете сол и текила и ослабнете.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...
„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...

Најчитани неделава