Жолта диета - Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Жолта диета - Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена

Сончевата или жолта диета е идеална за кога ќе пристигнат топлите, сончеви денови, а летото се чувствува во воздухот.

zolta-dieta-ishrana-so-koja-namaluvate-4-kilogrami-za-8-dena-1.jpg

Се работи за една интересна диета со која може лесно да ослабете без да гладувате и без премногу да се трудите.

Тајната е во намирниците со жолта боја.

Општи правила

Жолтата диета не би требало да трае повеќе од 8 дена.

Ако правилно ја следите, може да изгубите и до 4 килограми.

Основно правило е да јадете само производи со жолта боја. Секако, свежи.

Покрај тоа, потребно е правилото за жолти намирници да го ускладите со уште едно – секој ден мора да јадете барем 4 различни плодови и тоа во еднакви количини.

Дневно можете да изедете и до половина килограм жолта храна.

zolta-dieta-ishrana-so-koja-namaluvate-4-kilogrami-za-8-dena-3.jpg

Одлична препорака за утрински оброк се жолтите шејкови од овошје, преку кои ќе ги внесете неопходните витамини и минерали.

Во текот на сончевата диета може да пиете колку сакате вода и жолти сокови и чаеви, секако без шеќер.

Дозволена храна: банани, ананас, кајсии, диња, лимон, тиква, жолти јаболка, круши, тврди сирења и кашкавали... и сè останато што има жолта боја, а е овошје или зеленчук.

Пример дневно мени:

Појадок: 2 банани и шолја чај од камилица (може да ги изматите и во блендер, па да ги испиете како шејк)

Ручек: 150g тврд кашкавал и чинија жолта боранија

Вечера: Овошна салата од 2 жолти јаболка, крушка и ананас.

zolta-dieta-ishrana-so-koja-namaluvate-4-kilogrami-za-8-dena-4.jpg

Напомена:

Доколку сакате максимални резултати, како и кај секоја диета, така и кај оваа треба да вклучите физички активности и многу течности. Кратките секојдневни прошетки се исто така добредојдени.

Сончевата диета може да биде комплицирана за трудниците и луѓето со хронични болести, затоа не се препорачува.

Задолжително консултирајте се со лекар пред да почнете да ја држите.

zolta-dieta-ishrana-so-koja-namaluvate-4-kilogrami-za-8-dena-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Данска диета за брзо слабеење: Ригорозно 13-дневно мени само за најупорните Дојде периодот од годината кога сите се заинтересирани за брзо слабеење, а ние ј...
Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
План за поздрава исхрана, за сите кои се стрвни кога ќе видат пица или колаче Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи ...

Најчитани неделава