Подготовки за лето: Бразилска диета која трае 1 месец и се слабеат 10 килограми

Бразилската диета е една од најпопуларните брзи диети и ви овозможува за еден месец да симнете цели 10 килограми.

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-1.jpg

Ако се придржувате до правилата и дневното мени, до почетокот на летото ќе бидете во топ форма и подготвени за на плажа.

Дневното мени изгледа вака:

Понеделник

Појадок: 1 портокал, 1 банана и 1 чаша сок од портокал

Ужина: 1 чаша сок од портокал и 1 парче тост-леб

Ручек: 100g варена риба и 100g салата од свеж зеленчук

Вечера: Исто како и ручекот

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од портокал и мало парче леб-тост

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-3.jpg

Вторник

Појадок: 1 меко варено јајце, 1 чаша сок од јаболка

Ужина: 1 мало парче леб-тост и 1 чаша сок од јаболка

Ручек: 100g варено месо, 2 варени компири, 4 листа зелена салата

Вечера: 200g варена риба, 1 тврдо варено јајце, зелена салата, зелен грашок

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од јаболка и 1 парче тост-леб

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-2.jpg

Среда

Појадок: 1 шолја безмасно млеко и 1 парче тост-леб

Ужина: 100g безмасно сирење

Ручек: 100g ориз, 150g свежа салата од зелка прелиена со 1 лимон и лажица ситно сечкан магдонос

Вечера: 100g варено месо, 1 јаболко, 4 листови зелена салата

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од јаболко и 1 мало парче тост-леб

Четврток

Појадок: 1 чаша сок од ананас, 60g свеж ананас

Ужина: 1 чаша сок од ананас, 1 парче тост-леб

Ручек: 100g варено место, мало парче сирење и 1 портокал

Вечера: 2 варени компири, 150g салата од рендан морков со малку масло

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од ананас и 1 парче тост-леб

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-4.jpg

Петок

Појадок: 1 чаша сок од јаболко и мало парче тост-леб

Ужина: 1 јаболко, 1 портокал

Ручек: 150g варена риба и 2 мали варени моркови

Вечера: 1 чинија супа од зеленчук со мало парче леб

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од портокал, 1 мало парче леб-тост

Сабота

Појадок: 1 чаша сок од јаболко, 1 парче тост-леб

Ужина: 150g салата од варено цвекло со малку билно масло

Ручек: 1 чинија супа од зеленчук, печурки или рибина чорба со 1 мало парче леб

Вечера: 100g пржени печурки, 100g салата од свеж зеленчук по желба

Пред легнување во кревет: 1 шолја сок од јаболка, 2 парчиња бисквит

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-5.jpg

Недела

Појадок: 1 банана, 1 рака грозје

Ужина: 1 чаша сок од моркови, 1 парче тост-леб

Ручек: 100g варено месо, 100g салата од свежа зелка, млад кромид и сок од 1 лимон

Вечера: 1 чинија супа од зеленчук или печурки, 100g овошје, 4 листови зелена салата.

Пред легнување во кревет: 1 чаша сок од јаболка, 2 суви смокви

podgotovki-za-leto-brazilska-dieta-koja-trae-1-mesec-i-se-slabeat-10-kilogrami-6.jpg

Неделното мени се повторува од 2 до 4 недели и никако подолго од тоа.

Враќањето на „нормалната“ исхрана треба да се базира пред сè на овошје и зеленчук и по малку протеини.

Исто така, распоредот на оброци е направен за да немате време да почувствувате глад, ниту да имате пад на шеќерот во крвта.

Дополнително, се препорачува физичка активност неколкупати во неделата за да го извлечете максимумот од исхраната.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Во колку часот треба да појадувате, а кога да вечерате за да имате рамен стомак, според доктор? Вечерата треба да биде два или три часа пред да си легнете да спиете. Знаете ли ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg