Омилените славни дами споделуваат: Тајни за исхрана
Ѕвездите секогаш изгледаат беспрекорно, но како им успева тоа? Покрај вежбањето тие имаат и свој режим на исхрана.

Еве неколку нивни тајни:
1. Џенифер Лоренс
Пред и после црвениот тепих, Џенифер преферира да пие чај од камилица и глуварче за да си ги смири нервите и да ја намали подуеноста на стомакот.

2. Кристи Бринкли
Легендарниот модел пред да почне да јаде било што, пие чаша млака вода за расонување со сок од лимон, чили и мед.

3. Зои Салдана
Салдана е на диета без глутен речиси 80% од времето.

4. Натали Портман
Натали е веган, но како што самата вели: „тоа не значи дека јадам како птица, туку внесувам доволно храна за мојата тежина“.

5. Џена Дева Татум
Актерката во главно консумира протеини и зеленчук и редовно наутро пие смути.

6. Ријана
Денот на Ријана започнува со 4 варени јајца и праче леб, а остатокот од денот е на овошје, зеленчук и месо.

7. Блејк Лајвли
По породувањето со второто дете таа драстично ја намали тежината благодарение на храната базирана на киноа, зелен зеленчук и бело месо.

8. Криси Тајген
Подетално како и што јаде, можете да прочитате тука.

Н. Г. | Црнобело