Дневното мени на Клое Кардашијан, за облини како нејзините

Нутриционистот на Клое Кардашијан конечно откри колку и што јаде Клое Кардашијан за да го постигне телото кое моментално го има.

dnevnoto-meni-na-kloe-kardashian-za-oblini-kako-nejzinite-01.jpg

Дневното мени вклучува 7 оброци, па мали се шансите да останете гладни.

Заедно со напорните тренинзи, и вие летово може да почнете предизвик „тело за одмазда“ како Клое.

dnevnoto-meni-na-kloe-kardashian-za-oblini-kako-nejzinite-03.jpg

Планот е следниов:

Прв оброк – појадокот обично ѝ се состои од протеин во прав со 1 лажичка путер од бадеми и овошје по желба, изблендирано заедно со вода и мраз.

Втор оброк – првата ужина подразбира овошје по желба.

Трет оброк – 120g пилешки гради со зеленчук и салата со висок процент на железо (нешто како цвекло или спанаќ).

dnevnoto-meni-na-kloe-kardashian-za-oblini-kako-nejzinite-02.jpg

Четврт оброк – зеленчук. Обично супа од целер со 1 шолја доматен сос. Плус, 12 бадеми.

Петти оброк – уште зеленчук. Една шолја сечкан целер или домати заедно со 1 јајце.

Шести оброк – за вечера обично јаде мрсна риба како лосос, морски гргеч… секако, сервирана со 220g салата од зеленчук.

Седми оброк – по вечерата, може да каснете парче овошје по желба.

Исхраната во комбинација со тренинзите, очигледно може да направи чудо за неколку месеци.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава