Што е флекситаријанска диета и зошто сите ја пробуваат?

Флекситаријанската диета во краток временски период стекна голем број на следбеници, но сепак има голем процент од луѓето кои не разбираат за што се работи.

sto-e-fleksitarijanska-dieta-i-zosto-site-ja-probuvaat-01.jpg

Ако ве интересира како да си го подобрите здравјето, исхраната и притоа сакате да не се држите до ригорозни правила, проверете го називот флекситаријанство.

Како што и самото име укажува, се работи за флексибилно вегетаријанство.

Со други зборови, целта е да внесете повеќе зеленчук и житарки во исхраната, притоа да не го исфрлите месото целосно.

Оваа диета има и олеснителен психолошки момент – не мора никогаш повеќе да кажете дека нема да внесете месо, што може да ви ја отежни одлуката. Наместо тоа, денес ќе каснете месо, а во наредните два дена може да не почувствувате потреба за него.

sto-e-fleksitarijanska-dieta-i-zosto-site-ja-probuvaat-02.jpg

Ако прифатите да бидете повремени вегетаријанци, ќе сфатите колку креативни може да бидете со изборот на намирници и рецепти.

Правила кои треба да ги почитувате ако сакате да станете флекситаријанци:

Во исхраната додадете тофу, јајца, мешунки, семки и јаткасти плодови.

sto-e-fleksitarijanska-dieta-i-zosto-site-ja-probuvaat-03.jpg

Внесувајте големи количини овошје и зеленчук.

Дозволени се млечни производи, здрави шеќери и зачини.

Појадоците треба да содржат околу 300 калории, ручеците околу 400 и вечерите околу 500 калории.

sto-e-fleksitarijanska-dieta-i-zosto-site-ja-probuvaat-04.jpg

На дневното мени додадете ужини од 150 калории, двапати во денот.

Протеините нека бидат со растително, а не животинско потекло.

sto-e-fleksitarijanska-dieta-i-zosto-site-ja-probuvaat-05.png

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава