Њујоршка диета: Популарен начин на исхрана кој го освои светот

Опседнатоста со диети владее низ светот веќе подолго време, а особено во последната деценија.

njujorshka-dieta-popularen-nachin-na-ishrana-koj-go-osvoi-svetot-001.jpg

Нутриционистите секојдневно измислуваат нови, ефикасни режими на исхрана кои ветуваат брзо губење на килограмите.

Една од најпопуларните диети е таканаречената Њујоршка диета на познатиот фитнес тренер Дејвид Кирш за која многумина велат дека е мошне ефикасна.

Диетата се темели на храна богата со протеини и јаглени хидрати и поделена е во три фази:

Прва фаза:

Првата фаза трае две недели, а исхраната се базира на печурки, белки, ореви, лосос и зеленчук.

Не смеете да пиете алкохол, а забранети се и млечни производи, кафе и овошје.

Оптималниот внес на калории треба да биде од 800 до 1000 дневно.

njujorshka-dieta-popularen-nachin-na-ishrana-koj-go-osvoi-svetot-02.jpg

Втора фаза:

И втората фаза на диетата трае две недели и во основа е иста како првата, освен што можете да јадете оброци со јаглени хидрати како на пример сладок компир, овошје, грав, грашок, леќа и слично.

Во оваа фаза се внесуваат од 900 до 1000 калории дневно.

njujorshka-dieta-popularen-nachin-na-ishrana-koj-go-osvoi-svetot-03.jpg

Трета фаза:

Во последната фаза постепено се додаваат намирници кои биле забранети во претходните фази.

njujorshka-dieta-popularen-nachin-na-ishrana-koj-go-osvoi-svetot-04.jpg

За време на диетата се препорачува редовно вежбање и физичка активност. Најдобро е да правите вежби за целото тело или да скокате на јаже.

Исхраната богата со протеини во комбинација со редовно вежбање секогаш дава одлични резултати.  

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава