Еден трик со кој ќе ја намалите желбата за грицкање

Кога јадете на нога или на поминување, мозокот има погрешна перцепција и оброкот го смета за ужина.

eden-trik-so-koj-kje-ja-namalite-zhelbata-za-grickanje-001.jpg

Доколку сте забележале дека во текот на денот, и покрај оброците, постојано имате желба за грицкање, решението е сосема едноставно – одвојте време за оброк и седнете на масата.

Неодамнешно истражување на група британски експерти покажа дека оброкот што го јадеме стоејќи или на поминување е помалку хранлив отколку оброкот што го јадеме полека седејќи на маса, дури и ако калориската вредност им е идентична.

Во истражувањето учествувале 80 луѓе и сите тие како оброк јаделе тестенини од супермаркет.

Едната група луѓе го добила јадењето сервирано како ужина во пластичен сад со прибор за една употреба и го јадела стоејќи. Другата група јадела седната на маса, а јадењето било убаво сервирано во керамички сад со метален прибор.

Потоа сите луѓе биле одведени во сала, каде на располагање имале разни грицки и чоколади. Утврдено е дека во оваа фаза луѓето кои ги јаделе тестенините стоејќи како меѓуоброк, изеле многу повеќе грицки од луѓето кои ги јаделе тестенините седејќи.

Научниците објаснуваат дека овој феномен има врска со нашата свесност за тоа дали сме јаделе. Нашиот мозок бележи колку оброци сме имале во текот на денот.

Ако нешто изедеме стојеќи на поминување, мозокот тоа нема да го смета за оброк, туку за ужина.

Телото поради тоа има чувство дека повторно му е потребна храна. Затоа отсега секој оброк нека добие посебно внимание - седнати на маса со убав прибор за јадење и со помалку килограми.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg