Вечерни навики кои ќе ви помогнат да слабеете дури и во сон


Вечерни навики кои ќе ви помогнат да слабеете дури и во сон

Сите се согласуваме дека вежбањето и здравата исхрана се неопходни за постигнување на добро тело и одржување на здравјето на ниво.

vecherni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-slabeete-duri-i-vo-son-01.jpg

Но, дали сите го прават тоа на дневно ниво? Секако дека не.

Токму затоа на повеќето им се потребни алтернативни начини на слабеење, а еден од нив е верувале или не, преку спиење.

Неколку неверојатни вечерни навики кои треба да ги практикувате, ако сакате да губите килограми и додека спиете:

Протеински шејк пред спиење

Испијте шејк со околу 30 грама протеин пред спиење. Истражувањата покажале дека тоа помага да се зголеми бројот на согорени калории додека спиете.

vecherni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-slabeete-duri-i-vo-son-02.jpg

Лесна вечера

Избегнувајте големи оброци навечер и не практикувајте да легнувате да спиете веднаш по јадењето.

Ако јадете доцна навечер тешка храна и тоа токму пред спиење, хормоните придонесуваат храната да се задржува како маст наместо како енергија.

vecherni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-slabeete-duri-i-vo-son-03.jpg

Избегнувајте алкохол

Пиењето алкохол пред спиење спречува телото да постигне состојба кога согорува најмногу калории во текот на спиењето.

Чаша вино со вечерата е во ред, но не заборавајте да престанете со пиење 3 часа пред спиење.

Распоред на спиење

Свесни сте дека на телото му е потребно 7-8 часа сон навечер, па имајте го тоа предвид и планирајте го времето на заспивање и будење, кое нема да се менува од ден во ден.

Истражувањата покажале дека луѓето кои имаат подобар сон, согоруваат повеќе калории.

vecherni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-slabeete-duri-i-vo-son-04.jpg

Избегнувајте вежбање пред спиење

Вежбањето го буди телото, а со тоа спречува да се постигне добар сон. Закажете го вежбањето наутро, така ќе го разбуди телото кога ќе биде потребно и ќе ја одржува енергијата на ниво.

vecherni-naviki-koi-kje-vi-pomognat-da-slabeete-duri-i-vo-son-05.jpg

Спиење во темница

Спиењето во целосна темница помага при лачење на мелатонин, хормон кој не само придонесува за добар сон, туку има влијание и во процесите на согорување калории.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Навики кои ќе ви помогнат да бидете здрави и да изгледате добро со минимален труд Никогаш не е доста од нови совети и трикови за тоа како да останеме здрави и вое...
Жолта диета - Исхрана со која намалувате 4 килограми за 8 дена Сончевата или жолта диета е идеална за кога ќе пристигнат топлите, сончеви денов...
5 навики за здраво слабеење Веќе добро познат факт е дека екстремните диети и рестрикции на храна не се гара...

Најчитани неделава