Споделуваме искуства: Што забележав после 7 дена чистење на организмот со чај?


Споделуваме искуства: Што забележав после 7 дена чистење на организмот со чај?

Ако сакате да си го промените животот и општо здравствената состојба на подобро, една жена препорачува тоа да го направите со чистење на организмот со чај.

spodeluvame-iskustva-sto-zabelezav-posle-7-dena-cistenje-na-organizmot-so-caj-001.jpg

Нејзината приказна од искуство на своја кожа изгледа вака:

Кратко откако се родив, мојата мајка разви дијабетес. Состојбата се прошири низ семејството и ги гледав блиските како се борат да ја вратат контролата над своето здравје.

Се распрашував за алтернативни начини и лекови, а низ сето тоа истражување едно зборче се провлекуваше во секоја препорака – чај.

Чајот стана навика во нашиот дом. Сега, кога пораснав, се решив да пробам токму со него да се ослободам од токсините и вишокот килограми, но и да се релаксирам и да си ја вратам контролата над мојот живот.

Се фокусирав на зелениот чај, верувајќи во неговите супермоќи.

spodeluvame-iskustva-sto-zabelezav-posle-7-dena-cistenje-na-organizmot-so-caj-1.jpg

Секако дека внесував и вкусни оброци, а не само чај. Утрото го започнував со шолја чист чај без додатоци, за ручек правев вкусно смути од зеленчук, овошје и чај, а за вечера подготвував оброк богат со протеини од растително потекло, здрави масти и растителни влакна кои создаваат чувство на ситост.

Во текот на денот пиев минимум 4 шолји вкусен чај.

Една од тие шолји задолжително беше пред спиење. Истражувањата правилно покажуваат дека чајот ги регулира хормоните и носи мир.

Важно беше утринскиот чај да биде 30-тина минути пред оброкот за најдобра можна апсорпција.

Чајот го додавав буквално во сè – правев смутија со него, овесната каша исто така ја мешав со шолја чај, ставав чиа семки во него...

spodeluvame-iskustva-sto-zabelezav-posle-7-dena-cistenje-na-organizmot-so-caj-3.jpg

Што забележав во првата недела од предизвикот?

- Изгубив неколку килограми нагло и се чувствував многу полесно после само 48 часа. По 72 часа забележав дека стомакот ми е многу порамен, а не подуен.

- Побрзо согорував масти, тренинзите ми беа поефективни, а мускулите ми се одмораа многу побрзо.

- Метаболизмот ми се забрза, благодарение на зелениот чај.

- Желбата за нездрава храна ми се намали. Повеќе не чувствував глад и „напади“ за благо.

- Сфатив дека заштедив многу пари.

- Заборавив што значи зборот стрес.

- Повеќе уживав во друштво и немав потреба да се изолирам во самотија за да можам да соберам енергија.

spodeluvame-iskustva-sto-zabelezav-posle-7-dena-cistenje-na-organizmot-so-caj-2.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

3-дневен план на исхрана кој ќе ве подготви за на плажа Aко сте во потрага по брз и ефективен начин на слабеење пред да облечете бикини,...
План за диета како на стјуардеса која трае само 4 дена Не е тајна дека стјуардесите мора да бидат витки и затегнати како би ја добиле р...
Брза диета со која ќе ослабете за само 21 ден Летото е веќе овде и сигурно почнувате да размислувате за слабеење. Доколку имат...

Најчитани неделава