Уште една популарна диета прогласена за опасна по здравјето

Популарните „револуционерни“ диети ни го привлекуваат вниманието и од нив очекуваме брзи и видливи резултати.

ushte-edna-popularna-dieta-proglasena-za-opasna-po-zdravjeto-01.jpg

Доволно е само една популарна личност да потврди дека применува некоја од овие популарни диети, за да посакате и вие да ја држите. Сепак, имајте на ум дека во текот на изминатите години многу од овие диети во кои славните се колнеа се покажаа како крајно нездрави, а во крајна линија и опасни за здравјето.

Овие познати личности диетите често ги држат под надзор на лекар или нутриционист, а тоа треба да го правите и вие. Но, многу млади личности решаваат да ги применуваат овие диети „по книга“, без воопшто да размислат дали е соодветна за нивното тело и општата здравствена состојба.

ushte-edna-popularna-dieta-proglasena-za-opasna-po-zdravjeto-02.jpg

Постење на вода

Тука не се мисли на готвење на храната со вода, туку живеење 3 до 4 дена само на течности и тоа на вода, кафе без шеќер и чаеви.

На интернет-форумите се појавиле тврдења дека ако се издржи подолго, се губат и повеќе килограми, но нутриционистите не се согласуваат со ваквиот начин на „исхрана“.

Според нив, иако самото тело е во најголем процент вода, на органите им се потребни сите хранливи состојки за да можат да функционираат и да не мора самите да „се јадат“ себе за да си обезбедат гориво. Кај оние кои ќе претераат со водените денови може да се појави анорексија. Телото оваа диета ја препознава како вонредна состојба и наместо да ги троши маснотиите, почнува да се „храни“ со мускулната маса.

Технички навистина се губат килограми, но тоа е поради заслабнатост на мускулите и неправилна работа на органите, вклучувајќи го и срцето. А тоа навистина може да биде животозагрозувачки.

ushte-edna-popularna-dieta-proglasena-za-opasna-po-zdravjeto-03.jpg

Е. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава