Бела Хадид сака јајца и колбаси, Миранда Кер се слади со палачинки: Што појадуваат најзгодните светски манекенки?


Бела Хадид сака јајца и колбаси, Миранда Кер се слади со палачинки: Што појадуваат најзгодните светски манекенки?

Како им започнува денот на супермоделите? Ако мислевте дека сите внимаваат на линијата, така што гладуваат уште од рани зори, нивните први оброци можеби ќе ве изненадат.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-1.png

Здравиот и вкусен појадок претставува основа на повеќето диети. Воедно е и најважниот оброк во денот. Високо платените женски модели заработуваат милиони поради убавиот лик и витките фигури на кои мноштво девојки им завидуваат.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-2.png

Па, логично е да се запрашате – каква храна тие консумираат по будењето? Што Емили Ратајковски, Џиџи Хадид, Миранда Кер и Бела Хадид, сакаат да каснат рано наутро? Дали се водат според некои ригорозни правила, или, пак, го јадат она што на нив им е по волја? Одговорите се различни.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-3.jpg

Еве што појадуваат дел од најзгодните светски манекенки:

Џиџи Хадид

Таа преферира да појадува во кафулето покрај нејзиниот дом. Џиџи Хадид обично нарачува тост со јајца и сланина. Кога влезе во љубовна врска со класичното британско момче Зејн Малик, вкусовите ѝ се променија. Омилен ѝ стана „англискиот појадок“ – грав со доматен сос.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-4.jpg

Бела Хадид

Нејзината помала сестра, пак, негува сличен вкус. „Ако имам слободно утро, тогаш имам и вкусен појадок. На пример - јајца со колбаси. Меѓутоа, доколку немам време, тогаш јадам парче леб со јајца или паста.“, вели убавата Бела Хадид.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-5.jpg

Каја Гербер

Поради својата младост, седумнаесетгодишната ќерка на Синди Крафорд може да си дозволи да јаде буквално сè. Барем засега. Каја Гербер вели дека обично за појадок јаде крофни: „Моето семејство речиси секое утро купува крофни од локалното кафуле.“

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-6.jpg

Кендис Сванепул

Таа израснала на фарма, па научена е рано да станува. Кендис си дозволува обилен појадок. Обично јаде јајца со сланина, кроасан, јогурт, овошје и кафе. Според неа, само со такво утринско мени може да ги издржи долгите снимања без штетни грицки.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-7.jpg

Роузи Хантингтон-Вајтли

Манекенката верува дека појадокот треба да биде вкусен, затоа што од него зависи расположението за целиот ден. „Вообичаено јадам варени јајца или јајца со спанаќ. И речиси секогаш пијам зелен сок.“, истакнува Роузи Хантингтон-Вајтли.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-8.jpg

Емили Ратајковски

Темнокосата занесна убавица секое утро пие црно кафе. За појадок, пак, Емили Ратајковски сака да касне солено печиво со путер и шеќер.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-9.jpg

Жизел Бундшен

Нејзините утра започнуваат со чаша топла вода со лимонов сок, а потоа пие сок од пченични никулци и зелено витаминско смути од органско овошје. „Подоцна целосно појадувам. Мојот втор појадок се состои од овошје, јајца, авокадо, леб без глутен и кокосово масло.“, тврди бразилката Жизел Бундшен.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-10.jpg

Миранда Кер

„Мојот ден започнува со чаша топла вода со лимон. Така го стимулирам дигестивниот систем.“, посочува прекрасната моделка. „Потоа обично пијам зелен сок од зелка, спанаќ, краставица и целер, по што јадам јајца и авокадо, или, пак, овесна каша. Кога сакам да се засладам, јадам палачинки со банана.“, признава Миранда Кер.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-11.jpg

Карли Клос

Појадокот на русокосата убавица ѝ се состои од протеински шејк со чоколаден прав, бадемово млеко, банана и бобинки. Подоцна следува омлет со авокадо и тиквици, или, пак, со домат и печурки, зависно од желбата на Карли Клос.

bela-hadid-saka-jajca-i-kolbasi-miranda-ker-se-sladi-so-palachinki-shto-pojaduvaat-najzgodnite-svetski-manekenki-12.jpg

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

5-дневно мени со исхрана која помага против целулит Ако сакате да го намалите целулитот кој почнал да се појавува на површината на к...
5 навики за здраво слабеење Веќе добро познат факт е дека екстремните диети и рестрикции на храна не се гара...
Предизвик: Ако имате 24 часа за да „ослабете“, ова е планот Не можете да добиете совршени стомачни преку ноќ, но барем можете да ја намалите...