Зошто повеќе се здебелувате во зима и како да се справите со тоа?

Во ладните зимски денови сите избегнуваат да излегуваат надвор и повеќе преферираат да се затворат дома, под топло ќебе, со грицки и слатки насекаде.

zoshto-povekje-se-zdebeluvate-vo-zima-i-kako-da-se-spravite-so-toa-01.jpg

Со тоа, телото почнува да таложи масти, па не треба воопшто да е чудно што во зимските месеци сите накачуваат по некој килограм повеќе.

Иако многумина не можат да се помират со тоа што секоја зима се здебелуваат, сепак научниците велат дека е сосема нормално да се случува тоа.

Но, за оние кои секоја зима си ветуваат дека ќе внимаваат, а не успеваат во тоа, сепак постои начин да го спречат тоа, доколку знаат како функционира процесот.

Во продолжение, погледнете ги главните виновници за дебелеењето во зимските месеци:

Исхрана

Секако, на прво место на листата со причини за дебелеење во зима е исхраната. Многу луѓе во лето се обидуваат да останат во форма и се на диети за да изгледаат совршено на плажа, па кога се залади и можат да се скријат во облека, се опуштаат и си дозволуваат повеќе вкусни јадења.

Но, броењето калории, здравата исхрана, прошетките (со повеќе облека) и физичката активност, треба да се одржуваат и во зима.

zoshto-povekje-se-zdebeluvate-vo-zima-i-kako-da-se-spravite-so-toa-02.jpg

Еволуција

Нашите предци во минатото морале да се здебелат за да ја преживеат зимата, па ние продолжуваме да го правиме тоа по автоматизам.

Кога ќе дојде студот, телото го зголемува нивото на инсулин и таложи масти, но може да ја победите природата – откажете се од производи со бело брашно и јадете помалку шеќери. Штетната храна заменете ја со добар протеин. Рибата, месото и јаткастите плодови ја намалуваат желбата за брза храна.

Сезонско нарушување

Во есен и зима, многу луѓе се чувствуваат повеќе безнадежно и не се многу расположени, па нивото на енергија паѓа многу ниско.

Ова се случува многу често кај луѓето, а сезонската депресија покрај тоа што предизвикува неубаво чувство, предизвикува и прејадување.

Луѓето со овој проблем се потпираат на слатките и храна богата со скроб, па со тоа повеќе се здебелуваат во овој период.

За да не дозволите овој проблем да владее со вас, обидете се барем кога сте дома да не затворате и да не живеете тмурно – осветлете ја просторијата што повеќе, отворете ги прозорците, излегувајте почесто и правете работи кои ви создаваат пријатно и удобно чувство.

zoshto-povekje-se-zdebeluvate-vo-zima-i-kako-da-se-spravite-so-toa-03.jpg

Сол

Зимата е период на зимница и туршија, храна која е најчесто пресолена и во која сите уживаме во огромни количини, па невозможно е да не влијае на тежината, посебно што солта и пикантните вкусови предизвикуваат уште поголем апетит.

Иако не можете многу да си помогнете на ова поле, сепак можете да ги ограничите количините, односно да не јадете од оваа храна секојдневно, а кога знаете дека ќе јадете, внимавајте на другите оброци во денот и намалете го внесот на сол истиот ден.

zoshto-povekje-se-zdebeluvate-vo-zima-i-kako-da-se-spravite-so-toa-04.jpg

Витамин Д

Посебно кај жените, недостатокот на витамин Д во зима предизвикува можност за дебелеење, па ако забележите дека кужата ви е многу сува, се потите, не гледате добро и други симптоми кои укажуваат на недостаток на витамин Д, консултирајте се со лекар.

Гледање телевизија и филмови

Во зима кога надвор е ладно, сите поминуваат повеќе време пред телевизор, гледајќи филмови, а со тоа секако, најдобро одат грицки и друга брза храна, па не треба ни да се прашувате зошто се здебелувате.

Затоа, пред да седнете да гледате нешто, најадете се добро со богат и здрав оброк за да немате потреба да грицкате, а кога е неопходно одберете здрави и некалорични ужинки.

zoshto-povekje-se-zdebeluvate-vo-zima-i-kako-da-se-spravite-so-toa-05.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Евтин трик за рамен стомак – Со јаболков оцет се губат до 8kg за помалку од 3 месеци Според ново истражување, ако наутро пиете јаболков оцет, може да ослабите и до 8...
Го намалува холестеролот и помага во слабеење: Зошто треба да ја пробате медитеранската диета? Со медитеранскиот начин на исхрана, не треба да воведете многу ограничувања – мн...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Српска нутриционистка предупредува: „Бурекот не треба да се консумира со јогурт“ „Наутро јадеме по еден бурек, а потоа ни се приспива“ – нутриционистката Јелена ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg