Викенд предизвик за слабеење: Диета која се држи само во сабота и недела
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
ВОЗАЧИ 27-03-2020


Викенд предизвик за слабеење: Диета која се држи само во сабота и недела

Сите сме свесни дека е време да почнеме да правиме нешто за да ја добиеме идеалната фигура до лето, но понекогаш тоа може да биде многу тешко.

vikend-predizvik-za-slabeenje-dieta-koja-se-drzhi-samo-vo-sabota-i-nedela-01.jpg

Ако сте од оние кои сакаат да ослабат, но никако не можат да прифатат гладување и строги диети долг период, тогаш оваа е идеална за вас.

Се работи за викенд диета, која се држи секоја сабота и недела, а во останатите денови не се изгладнувате. Кој не би го посакал ова?

Наместо секој ден да се мачите со шејкови, салати и слаби оброци, со оваа диета можете преку цела недела да јадете што сакате, но во умерени граници и со внимателно избрани намирници (секако не значи дека треба секој ден да јадете брза храна и слатки).

Во сабота и недела пак, има одредено мени по кое треба да се водите, но најдобро е да го прифатите само доколку организмот и здравјето може да ви го издржат тоа.

Би го прифатиле ли предизвикот за кој велат дека се слабее по 2-3 кила за викенд?

Погледнете го викенд менито:

Сабота

Појадок:

  • ‘ржан леб со 200g козјо сирење – може да комбинирате со кафе или чај, без засладувачи

Ручек: богата салата (за 2 личности) составена од:

  • 1 авокадо
  • 1 краставица
  • ½ варен компир
  • Неколку залчиња запечен леб
  • Дресинг од сок од лимон, сенф, копар и бибер

Вечера:

  • 100g риба со зачини, печена
  • 200g кефир или ниско-маслен јогурт

vikend-predizvik-za-slabeenje-dieta-koja-se-drzhi-samo-vo-sabota-i-nedela-02.jpg

Недела

Појадок:

  • Шолја зелен чај без засладувачи
  • 2 големи крекери без шеќери

Ручек: богата (малку запржена) салата (за 2 личности) составена од:

  • 2 големи варени компири
  • ½ свежа зелка
  • 1 шолја пченка
  • ½ лажица маслиново масло

Вечера:

  • 100g пилешки гради
  • 1 варено јајце
  • Домат
  • 200g кефир или ниско-маслен јогурт

vikend-predizvik-za-slabeenje-dieta-koja-se-drzhi-samo-vo-sabota-i-nedela-03.jpg

M. M. | Црнобело / фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
Данска диета за брзо слабеење: Ригорозно 13-дневно мени само за најупорните Дојде периодот од годината кога сите се заинтересирани за брзо слабеење, а ние ј...
План за поздрава исхрана, за сите кои се стрвни кога ќе видат пица или колаче Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи ...