Откриена тајната на Колинда - како хрватската претседателка успеа да ги стопи килограмите?

Евидентно е дека претседателот на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ изгледа подобро од кога и да било. Тешко е да се поверува дека оваа дама има 50 години, бидејќи изгледа фантастично.

Otkriena-tajnata-na-Kolinda-01.jpg

Причината за нејзиниот одличен изглед и насмевката е симнувањето на вишокот килограми, а Колинда открива дека успеала во целта со помош на липосукциска диета.

Иако многумина го поврзуваат овој термин со самиот хируршки процес липосукција, сепак не можете да бидете подалеку од вистината. Липосукцискиот протокол подразбира исхрана базирана на зголемен внес на масти и протеини и намален внес на јаглехидрати.

Со помош на едноставни и достапни намирници се симнуваат многу килограми за релативно краток временски период.

Otkriena-tajnata-na-Kolinda (4).jpg

Иако овој режим на исхрана ја исклучува физичката активност, сепак претседателката вклучила и вежбање во својата дневна рутина. Сепак, таа признава дека најтешко ѝ е да се придржува кон диетата за време на службените патувања.

Но, кога се враќа во Хрватска, Колинда објаснува дека се враќа на строгиот режим на лесна медитеранска исхрана. Нејзиното мени вклучува риба и пилешки гради, со многу зеленчук и обилни порции салата.

Otkriena-tajnata-na-Kolinda (2).jpg

Otkriena-tajnata-na-Kolinda (3).jpg

Дополнителната употреба на суплементи од типот на аминокиселини кои го активираат ензимот липаза, дејствуваат на тој начин што го поттикнуваат и засилуваат искористувањето на мастите, претворајќи ги во енергија.

Дозволените намирници во липосукциската диета се следните: немасно месо, јајца, риба, сирење, млечни производи, газирана вода, зеленчукови сокови, чај, ориз како и грубо сомелени целозрнести житарки, свежо овошје и зеленчук.

Во групата на забранети намирници спаѓаат: сите видови на шеќери, индустриски преработеното месо, силни зачини, алкохол, кафе без кофеин, газирани пијалаци, кандирано овошје, бело и соино брашно, бели печива.

Otkriena-tajnata-na-Kolinda (5).jpg

Otkriena-tajnata-na-Kolinda (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
3-дневна диета со лубеница - Колку е ефикасна и што треба да знаете за неа? Лубеницата содржи 92 отсто вода и е одлична во летниот период за хидрирање и за ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg