Хибернациска диета: Зошто е добро да изедете лажичка мед пред спиење?

Невозможното слабеење и проблемите со сонот се често тесно поврзани проблеми, а до нивно решавање е тешко да се стигне. Но, не и невозможно.

hibernaciska-dieta-zosto-e-dobro-da-izedete-lazicka-med-pred-spienje-01.jpg

Клучната цел на оваа хибернациска диета е токму тоа – да се решат овие два проблеми, а постои само едно правило – пред пиење да земете една до две лажички природен мед. Медот може да го консумирате директно или да го разредите во млака вода.

Диетата е дело на Мајк МекИнес, кој вели дека оваа вечерна навика поволно делува за полесно слабеење и подобар сон.

Хибернациската диета делува така што обновувачките механизми на телото се случуваат во текот на ноќта, а медот ги забрзува метаболичките процеси како согорување на маснотии, има благотворно дејство врз хормонот за стрес, па со тоа ни помага телото да постигне една смирена состојба.

hibernaciska-dieta-zosto-e-dobro-da-izedete-lazicka-med-pred-spienje-02.jpg

Поставете си ги следниве неколку прашања за да утврдите дали оваа диета е за вас:

  • Дали редовно се будите во текот на ноќта?
  • Дали навечер се потите додека спиете?
  • Дали се будите со потреба за во тоалет?
  • Дали чувствувате мачнини штом се разбудите?
  • Дали се будите исцрпени и изморени?
  • Дали грлото ви е суво наутро?
  • Имате ли грчеви во текот на ноќта?
  • Чувствувате ли слабост рано наутро?

Ако на барем две прашања одговоривте со „да,“ време е да ја пробате оваа диета, односно ова едноставно правило навечер пред спиење.

hibernaciska-dieta-zosto-e-dobro-da-izedete-lazicka-med-pred-spienje-03.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава