Која е вистината зад диетите без јаглехидрати и дали се слабее со нив?

Кои се недостатоците на диетите со малку јаглехидрати?

Постои ризик оваа диета да предизвика нездрави навики за јадење, како консумирање храна со многу заситени масти и избегнување одредени овошја и зеленчуци.

Имено, избегнувањето на јаглехидратите може да го зголеми ризикот од смрт. Во истражување од 2018-та година учествувале 15.828 испитаници на возраст од 45 до 64 години. Истражувачите откриле дека луѓето кои добивале 50% до 55% од енергијата од јаглехидрати, имале најнизок ризик од прерана смрт, за разлика од другите.

Бидејќи ќе треба да се откажете од повеќе прехранбени продукти, ќе испуштите и многу извори на хранливи влакна, витамини и антиоксиданти.

Иако консумирањето протеини има свои предности, истражувањата покажале дека јадењето премногу свинско, пилешко или каков било протеин од животинско потекло, е поврзано со проблеми со срцето.

Воглавно, откажувањето од јаглехидратите може да има долгорочни негативни последици врз вашето здравје. Сепак, изборот е ваш, но најдобро е да го направите во консултација со стручно лице, кое ќе ви помогне да ја приспособите исхраната според вашите потреби и организам. 

vistinata-za-dietite-bez-jaglehidrati-i-slabeenjeto-04.jpg

Најпопуларните диети со малку или без јаглехидрати

Добрите вести за овие диети се тоа што ги има многу, и не сите бараат броење јаглехидрати или целосно откажување од нив. Па, лесно можете да најдете диета што ви одговара најмногу.

Кето диета

Кето диетата потекнува од 1920-тите години како терапија за епилепсија. Оттогаш таа стана една од најпопуларните диети без јаглехидрати.

Додека ја држите оваа диета, јаглехидратите треба да сочинуваат само 5% од вашите дневни оброци. Иако многумина постигнале добри резултати, кето диетата е многу рестриктивна и ќе ви биде тешко да ја држите долго.

Аткинсонова диета

Оваа диета беше најпопуларна во 90-тите. Аткинсоновата диета е богата со протеини и масти и ви помага да ослабете консумирајќи месо, масти и млечни производи, наместо јаглехидрати.

Палео диета

Оваа диета се фокусира на консумирање протеини, овошје, зеленчук и здрави масти. Палео диетата ги имитира навиките на јадење на нашите предци од палеолитот, кои консумирале само храна што ја ловеле или собирале.

Ова значи дека можете да јадете овошје, зеленчук, јатки, семки и месо. Но, млечните продукти, житните култури, мешунките и преработената храна се забранети.

vistinata-za-dietite-bez-jaglehidrati-i-slabeenjeto-05.jpg

Диетите со малку јаглехидрати не се за долги периоди

Доколку сакате да пробате ваква диета, најдобро е да се консултирате со вашиот лекар и со нутриционист.

Бидејќи ограничувањето на јаглехидратите може да предизвика недостаток од други материи, важно е вашата исхрана да биде разновидна. И, се разбира, важно е да уживате во храната.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

„Диетата“ на Тито ја составувале врвни експерти од 1960-тите - Што јадел маршалот во еден ден? Тито сакал да јаде сè, а бидејќи знаел и да претера со него патувал Бранко Трбов...
Диета на руските балерини: Можете да симнете до 5kg за 7 дена Диетата за балерините нема за цел само да им помогне да имаат витка фигура, туку...

Најчитани неделава