Која е вистината зад диетите без јаглехидрати и дали се слабее со нив?
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Account Manager 28-02-2020
Менаџер 28-02-2020


Која е вистината зад диетите без јаглехидрати и дали се слабее со нив?

Во ерата на брзото слабеење, диетите без јаглехидрати го имаат својот момент. Ако сакате брзо да се ослободите од вишокот килограми, се верува дека најдобриот начин е да ги ограничите или целосно да ги елиминирате јаглехидратите. 

vistinata-za-dietite-bez-jaglehidrati-i-slabeenjeto-01.jpg

Сепак, јаглехидратите и не се толку лоши. За разлика од протеините и мастите, јаглехидратите се извор за енергија на нашето тело. Нашиот организам ги согорува јаглехидратите, пред да почне да ги согорува мастите.

Протеините, од друга страна, не се користат за енергија и се за обновување на мускулите. Па ако сте активни, јаглехидратите се клучни во вашата исхрана.

Намалувањето на јаглехидратите може да ви помогне да ослабете, но само ако го направите тоа правилно.

Што претставуваат диетите со малку јаглехидрати?

Овие диети се начин на исхрана со кој се ограничува внесот на јаглехидрати, вклучувајќи ги и оние од зеленчукот, овошјето и житните продукти. Постојат многу вакви диети и секоја од нив си има свои рестрикции.

Во кето диетата на пример, јаглехидратите можат да сочинуваат само 5% од храната во текот на денот. Но дневната препорачлива доза е 45% до 65%. Во диета со 2.000 калории, тоа се околу 225 до 325 грама јаглехидрати дневно.

Големината на порциите има голема улога во слабеењето и одржувањето на тежината. На пример, две порции тестенини лесно можат да бидат колку 5 парчиња леб.

Интегралните тестенини се подобри од белите, но белите тестенини, во умерена количина, ќе ве држат сити подолго.

vistinata-za-dietite-bez-jaglehidrati-i-slabeenjeto-02.jpg

Можете ли да ослабете со намалување на јаглехидратите?

Овие диети најдобро функционираат на краток период, бидејќи го ограничуваат внесот на прости јаглехидрати, како шеќер, бели тестенини и бел леб. Овие празни калории можат да се насоберат и да водат до дебелеење.

Диетите со малку јаглехидрати ве охрабруваат да консумирате повеќе протеин и масти.

Со намалувањето на јаглехидратите, како во кето диетата, му помагате на телото да започне кетоза – состојба каде што се согоруваат мастите за енергија.

Природно, ќе изгубите повеќе килограми доколку согорувате масти, но проблемот е што овие диети се рестриктивни и не се добри за долгорочен план.

Покрај тоа, ефектите на овие диети сè уште се тема на дебата. Според истражување од 2018-та година, овие диети резултираат со слабеење, но бидејќи се тешки, често се појавува јо-јо ефектот.

Друго истражување покажало дека луѓето кои умерено консумирале јаглехидрати, согорувале повеќе калории. Покрај тоа, кај овие луѓе било пониско нивото на грелин, хормон што го зголемува апетитот.

vistinata-za-dietite-bez-jaglehidrati-i-slabeenjeto-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
План за поздрава исхрана, за сите кои се стрвни кога ќе видат пица или колаче Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи ...
Зошто килограмите не се намалуваат: 5 грешки кои ги правите кога сакате да ослабете Летото ни пристига, а со се повисоките темератури расте и желбата за совршено из...

Најчитани неделава