Сонома диета – за гурмани и сите оние коишто не можат без вино

Креатор на Сонома диетата е д-р Кони Гутерсен, диететичар и експерт за медитеранската, латиноамериканската и азиската кујна. Сонома диетата го добила името според истоимениот регион во Калифорнија познат по храна со одличен вкус што созрева на топлото калифорниско сонце.

Sonoma-dieta-01.jpg

Оваа диета се одликува со многу медитерански карактеристики и голем акцент е даден на уживањето во храната.

Диетата се темели на типичната калифорниска прехрана, верзија на медитеранската храна, којашто се темели на зеленчук, овошје, житарици, јаткасти плодови и семки, маслиново масло, немрсно месо, риба и вино.

Сонома диетата ги обединува уметноста во јадењето, односно хедонистичкото уживање во храната заедно со науката за исхраната која го опфаќа губењето на тежината. Се заснова на едноставни совети кои се однесуваат на количината и комбинациите на храна што треба да ја опфатиме во нашето секојдневно мени.

Планот за исхрана е разновиден, интересен и здрав. Оваа диета се состои од 3 т.н. „бранови“:

БРАН 1 – ги опфаќа првите десет дена. Во овој временски период треба да се ослободите од лошите навики, односно консумирањето на голема количина шеќер, рафинирани производи од бело брашно и другите „празни“ калории.

Дозволено е да јадете зеленчук, морски плодови, месо коешто не е многу мрсно. Смеете да консумирате и маслиново масло, а во ограничени количини смеете да јадете млечни производи, малку житарки, јаткасти плодови, кафе и чај.

Оваа фаза е најекстремна бидејќи јадете нискокалорична храна. Бидејќи 10 дена не треба да јадете овошје, се препорачува да земете дополнителни количини на витамини. Во оваа фаза можете да изгубите од 1,5 до 3 килограми.

БРАН 2 – ова е главната фаза на Сонома диетата и трае сè додека не ја достигнете посакуваната тежина.

Сепак, имајте предвид дека килограмите ќе се топат многу побавно за разлика од „Бран 1“, но затоа процесот е континуиран, а изгубените килограми со сигурност нема да се вратат. Не го губете трпението и не се откажувајте така лесно.

Храната е иста како и во првата фаза, со тоа што во ова фаза можете да јадете и овошје. Дозволено ви е да пиете и вино, парче црно чоколадо и мед.

БРАН 3 – последната фаза е уште наречена и фаза на одржување која започнува веднаш по постигнувањето на посакуваната телесна тежина.

Во текот на оваа фаза, уживањето во исхраната која ја опфаќа Сонома диетата продолжува. Повремено, можете да си дозволите мали „забранети“ задоволства како слатки десерти или малку грицки.

Во последната фаза, најважно е да не се полакомите и да не им се вртите на старите навики поврзани со калоричната храната. Во моментите на слабост, добро размислете како се чувствувавте пред да ја започнете диетата.

Д-р Гутерсен верува во благосостојбата која ја предизвикува виното, односно позитивниот ефект врз нашиот кардиоваскуларен систем доколку тоа се комбинира со вистинската храна.

Таа препорачува секој ден, без исклучок, да пиете умерено количество вино (1-2 чаши).

Храната што е многу корисна во борбата против вишокот килограми опфаќа: брокула, спанаќ, домати, маслиново масло, јајца, житарки од цели зрна, бадеми, грозје, боровинки.

Најдоброто кај Сонома диетата е нејзината едноставност - не треба да се мачите со броењето на калории. Опфаќа здрава, разновидна исхрана.

 Исклучително е важно да уживате во тоа што го јадете; посветете му време и внимание на вкусниот оброк. Ова ќе направи да се чувствувате поисполнети и задоволни.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg