Омилената диета на Викторија Бекам - се намалуваат 7 килограми за 9 дена

Со оваа диета можете да изгубите до седум килограми за девет дена. Така и популарната Викторија Бекам успеала да ја врати својата беспрекорна линија по раѓањето на своето четврто дете.

So-omilenata-dieta-na-Viktorija-Bekam-izgubete-sedum-kilogrami-za-devet-dena-01.jpg

Иако не станува збор за диета, туку за чистење на дигестивниот систем и детоксикација на телото, многу луѓе овој режим го нарекуваат Алое вера диета.

Британците буквално полудеа за оваа диетална програма, која трае само девет дена, откако Викторија Бекам се пофали во британските медиуми дека по два дена изгубила два килограми.

Таканаречената Алое вера диета или Clean 9 детоксикација, во 2014 година беше најбараната диета во Велика Британија и меѓу „топ 10“ диети ширум светот.

Викторија е позната по своите радикални и екстремни диети, а за оваа диета се решила по раѓањето на четвртото дете, за брзо да ослабне и да го исчисти телото од токсини и акумулирани маснотии.

Промените ја шокирале, во најмала рака, а брзите резултати на оваа диета не ги оставија рамнодушни ниту останатите ѕвезди, како пејачката Мишел Мекманус, која изгуби неверојатни шест килограми.

Нутриционистите и лекарите велат дека овој план на исхраната е безбеден и ефикасен, и дека ја враќа енергијата. Трае само девет дена, содржи неколку додатоци во исхраната, меѓу кои се сокови од алое вера и капсули.

So omilenata dieta na Viktorija Bekam izgubete sedum kilogrami za devet dena 02

Диетата ви овозможува да изгубите 3 до 7 килограми за девет дена.

Во првиот период, телото нежно се чисти од штетните хемикалии и конзерванси. Алое вера го отстранува плакот од цревата.

Главниот состав на капсулите е Garcinia cambogia или хидроксицитрична киселина, која е силен блокатор за конверзија на јаглехидрати во маснотии, додека капсулите Therm, засновани на зелено кафе и бразилска гуарана, промовираат термогенеза, односно горење на масти.

Покрај тоа, се консумираат влакна растворливи во вода, додека протеинските шејкови се користат за зачувување на мускулната маса. Поради оваа причина, со оваа диета не се губи мускулната маса и нема јо-јо ефект, бидејќи не се губат хранливите материи.

Целосната диета може да ја разгледате ТУКА.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...
Избегнувајте гума за џвакање и уште 19 совети за рамен стомак, кога диетите не ви помагаат Зошто треба да избегнувате гуми за џвакање? Што треба да правите за да имате рам...
Хит диета со тиквички: Детоксикација на организмот за 3 дена Тиквичките се хранлив зеленчук кој може да се додаде во широк спектар на јадења....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg