Грешки кои несвесно ги правите кога сте на диета
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возач 19-02-2020


Грешки кои несвесно ги правите кога сте на диета

Дали веќе подолго време се обидувате да ослабете? Или пак можеби доаѓа некој важен настан во вашиот живот и едноставно сакате да изгледате подобро?

greski-koi-nesvesno-gi-pravite-koga-ste-na-dieta+01.jpg

Многу луѓе се борат со вишокот килограми и најчесто се изложуваат себе си на некои екстремни режими и диети, но никогаш не успеваат да изгубат онолку килограми колку што сакаат.

Ова се случува токму поради грешките кои ги прават при држењето на тие диети и режими, а не се ни свесни за нив. Да изгубите неколку килограми за краток временски период не е лесен предизвик, но исто така не е и невозможен.

Погледнете кои се најчестите грешки кои ги правите кога сте на диета:

Грицкате „здрави грицки“ додека гледате телевизија

Научно е докажано дека кога јадеме пред телевизор, немаме контрола колку јадеме. Најчесто внесуваме повеќе калории отколку што навистина ни се потребни, а тие подоцна ни се претвораат во масни наслаги.

Колку и да се здрави грицките кои ги јадете додека гледате телевизија, избегнувајте ја оваа навика, затоа што обично ќе изгрицкате и повеќе отколку што ви е потребно за да ве засити.

Прескокнувате оброци

Ова е најлошата навика што скоро сите ја практикуваат додека се на диета. За да одржите баланс во телото мора да внесувате храна не секое 3-4 часа. Прескокнувањето на оброк можеби ќе ви изгледа како одлична опција во моментот, но подоцна ќе имате последица од оваа одлука, затоа што ќе изедете многу повеќе во вашиот следен оброк.

Со ова ќе дојде до дисбаланс во вашиот организам и самиот тој ќе има проблеми да обработи голема количина на храна истовремено.

Ја исфрлате храната богата со протеини од вашата диета

Најчесто храната која содржи високо нови на протеини, содржи ниско ниво на калории. Дали сте го знаеле ова?

Исто така храната која е богата со протеини, најчесто ве држи подолго време сити и најадени. Затоа кога ќе бидете следен пат на диета, размислете за протеините како опција.

Не пиете доволно вода

Без разлика дали сте на диета или не, пиењето доволно вода е секогаш важно. Препорачливо е да пиете минимум 2 литра вода на ден. Кога сте дехидрирани вашето тело испраќа сигнали на глад како последица.

За најдобри резултати пијте чаша вода пред секој оброк.

greski-koi-nesvesno-gi-pravite-koga-ste-na-dieta+02.jpg

Внесувате премногу кофеин во вашето тело

Кога внесувате мала количина на кофеин во вашето тело, тогаш кофеинот може да ви помогне при губењето на килограмите, затоа што кофеинот го забрзува метаболизмот.

Но, при голема консумација на кофеин тој го дехидрира вашиот организам и не добивате позитивни резултати. Затоа ограничете се на 1-2 кафиња на ден.

Не спиете доволно

Сонот му е многу важен и потребен на вашиот организам. Обидете се да спиете барем 8 часа, затоа што во спротивно мамурлакот ќе ве навлече на слатки задоволства.

Не вежбате

Не треба да се залажувате сами дека ќе ги намалите вишокот килограми само со помош на диети. Многу е важно диетата да ја искомбинирате со некоја физичка активност, како на пример аеробикот.

Ставате дресинг на вашата салата

Мораме да признаеме дека салатата е многу повкусна со дресинг, но дресингот е тој кој не ви дозволува да ослабете. Содржи многу непотребни калории и го прави зеленчукот од здрав, нездрав.

Пиете алкохол

Сите сакаме за време на викенд да се опуштиме и да испиеме чаша вино или коктел. Но, алкохолот е најголемиот непријател на диетите. Содржи огромен број на непотребни шеќери, а исто така ве прави да бидете мамурни и непродуктивни следното утро.

Затоа доколку сте на диета не треба ни да помислувате на алкохол.

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Диета за невести – 6-дневно мени со кое ќе бидете во форма до свадба Идните невести на кои им се ближи свадбата веројатно веќе паничат за изгледот и ...
План за поздрава исхрана, за сите кои се стрвни кога ќе видат пица или колаче Дали припаѓате во онаа група луѓе кои кога ќе видат печиво, чоколадо или колачи ...
7 пијалаци кои ќе ви помогнат во одржување на тежината Иако сте убедени дека ќе мора да се збогувате со слатките пијалаци за време на д...