Јадете повеќе и слабејте - Волуметриска диета за трајно губење на килограмите

Јадете повеќе, не чувствувате глад и губите тежина? Звучи навистина нереално, но според овој принцип функционира т.н. волуметриска диета (Volumetrics diet), прогласена за втората најпопуларна диета во светот.

Jadete i gubite tezina Da I takva dieta postoi 01

Експертите посочуваат дека непријатното чувство на глад е главниот виновник зошто не успеваме со диетите. Но, изгледа оваа диета го има решението.

Ова е режим на исхрана изработен во 2000 година, од страна на нутриционистот Барбара Ролс. Главната карактеристика на оваа диета е да јадете повеќе, а не помалку.

Основниот принцип на кој се базира оваа диета е постигнување на долгорочно чувство на ситост. Ова е можно со внесување повеќе храна, но под услов да има ниска енергетска густина.

Имено, колку е помала енергетската густина на храната, толку е помал бројот на калории. Затоа, дозволени се пообилни оброци, без страв од зголемување на телесната тежина.

Храната што можете да ја консумирате вклучува овошје, зеленчук, пилешко, мешунки и јаткасти плодови, риба, житарици богати со хранливи влакна...

Со оваа диета внесувате значително помалку маснотии, а повеќе растителни влакна. Со обилните оброци и чувството на ситост килограмите навистина се топат, и тоа без несаканиот јо-јо ефект.

Волуметриската диета дозволува пообилни оброци, па, на пример, можете да изедете пет полни чинии зеленчук на ден - во форма на салати или чорби.

Jadete i gubite tezina Da I takva dieta postoi 02

Исто така, се препорачува консумирање пијалаци без калории, како и редовно вежбање. Треба да се нагласи дека не секоја калорична храна е лоша. Сепак, калориите се неопходни за работата на организмот.

Оваа диета не делува преку ноќ, но е ефикасна на долгорочен план. Не само што волуметриската диета води до слабеење, туку е добра и за здравјето, особено за срцето и крвните садови.

Нутриционистите посочуваат дека волуметриската диета не е класична рестриктивна диета, туку е промена во навиките за јадење, што го спречува и враќањето на несаканите килограми.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Несекојдневни, но ефикасни совети за намалување на апетитот и слабеење Знаевте ли дека јадењето од сини чинии може да ви помогне да го намалите апетито...
Тридневно мени за Нордиска диета – За 15 дена се губат и до 5kg, а воопшто не гладувате Дали е можно да јадете цел ден и повторно да слабеете? Според скандинавските нау...
Што е Intermittent Fasting и кој не смее да ја држи оваа диета? Диетата со наизменично/интервално постење или т.н. Intermittent Fasting не се вр...
Хит рецепт за пијалак кој ги топи мастите и помага за слабеење - се пие пред јадење и заситува (виде... Сакате да бидете во топ форма без да гладувате? Овој здрав пијалак содржи ананас...
Диетата на Наташа Беквалац со која за еден месец изгуби 10 килограми „Денот ми почнува со појадок со ќерките Хана и Катја. Откако ќе ги однесам во уч...
Што е кето диета, колку е безбедна и кој не смее (ниту да помисли) да ја држи? Со кето диетата може да се загубат и до 20 килограми во 2 месеци и стана популар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg